На 19.06. во 14.00 часот и на 20.06.2023 во 04.30 часот во Струмица, полициски службеници од СВР Струмица ги лишиле од слобода Ј.Д.(31) од Струмица и С.Д.(50) од с.Три Води, струмичко.

Како што иформираат од полицијата тие се сомничат дека на 19.06.2023 околу 05.00 часот со употреба на сила и тврди предмети влегле во куќата на С.Н.(64) од с.Три Води, физички го нападнале и му одзеле пари.

– Двајцата биле задржани во полициска станица и со нив бил извршен службен разговор. За настанот бил запознаен јавен обвинител и по негово документирање ќе биде поднесена соодветна пријава, додаваат од МВР.