Приведена припадничка на Армијата заради вршење поткуп

Date:

Во заедничко дејствување, припадниците на Службата за воена безбедност и разузнавање при Министерство за одбрана и Министерство за внатрешни работи, во координација со Јавното обвинителство вчера привеле припадничка на Армијата на Република Македонија заради вршење на кривично дело поткуп.

-Вработената, служејќи се со лаги и манипулации уценувала кандидат пријавен на оглас да и даде 3. 000 евра за да биде примен.

Кандидатот е успешен и секако ќе беше примен, а лакомата вработена е лишена од слобода, ќе го изгуби работното место и ќе биде кривично гонета исто како и нејзините соучесници.

Ова нека биде порака за сите: за криминалот нема место во Армијата!, напиша министерката за одбрана, Славјанка Петровска на својот Фејсбук профил. Таа ги охрабри сите да ги пријавуваат ваквите случаи.

 -Криминалот и корупцијата ќе добијат жесток и бескомпромисен одговор, напиша Петровска.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Игор Стефановски Иџе на пиедестал, Шпанија трка за паметење

Изминатиов викенд Иџе повторно на пиедестал. Трката во Шпанија...

Се товари првата пратка од 49 австралиски тенкови „Абрамс“ за Украина, и покрај приговорите од САД

Австралиските власти започнаа да ги натовараат на брод првите...

Совршени пилешки сувлаки со сос од јогурт и свеж зеленчук

Совршените пилешки сувлаки се лесен, здрав и исклучително вкусен...