Претседателот Пендаровски ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации

Date:

Претседателот Стево Пендаровски до 22 септември 2023 година, ќе ја предводи државната делегација на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк.

Претседателот Пендаровски на 22 септември 2023 година, петок, ќе се обрати на Генералната дебата на 78. сесија на Генералното собрание на Обединетите нации, што се одржува на тема „Обнова на довербата и повторно стартување на глобалната солидарност: Забрзување на акцијата за Агендата 2030 и нејзините Цели за одржлив развој кон мир, просперитет, напредок и одржливост за сите“, известуваат од претседателскиот кабинет.

Во рамки на учеството на Генералното собрание на ОН, предвидено е претседателот Пендаровски да оствари средба со Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, на која претседателот Пендаровски ќе ја одликува Организацијата на Обединетите Нации со Орден на Република Македонија и ќе му го врачи одликувањето на генералниот секретар Гутереш.

Претседателот Пендаровски ќе има свое обраќање пред Советот за безбедност на отворената дебата на тема: „Одржување на целите и принципите на Повелбата на ОН преку ефективен мултилатерализам: одржување на мирот и безбедноста на Украина“.

Тој ќе присуствува на отворањето на Политичкиот форум на високо ниво за одржлив развој под покровителство на Генералното Собрание и ќе се обрати на лидерскиот дијалог „Зголемување на активностите на клучните транзиции за да се забрза напредокот на Целите за одржлив развој“.

За време на учеството на Генералното собрание на ОН, претседателот Пендаровски ќе оствари билатерални средби со шефови на држави, учесници на Генералното Собрание.

Во состав на македонската државна делегација се заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, и министерот за надворешни работи, Бујар Османи.

За време на работната посета на САД, претседателот Пендаровски ќе го посети Њу Џерси, кадешто е предвидено да оствари средби со претставници на македонската заедница, а ќе го посети и Чикаго, кадешто ќе присуствува на хуманитарната гала вечера „Патишта кон просперитет“ во организација на бордот на директори на „Македонија2025“ и ќе го одликува главниот извршен директор на Боинг, Дејвид Л. Калхун со Орден „8 Септември“.

За време на работната посета на САД претседателот Пендаровски ќе биде придружуван од сопругата, Елизабета Ѓоргиевска, се додава во соопштението.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

 На Мадона ѝ го украле вредниот костим од Коачела

Кралицата на поп-музиката, Мадона (67), остана без вреден винтиџ костим што...

Мараја Кери „удри“ по Рокенрол куќата на славните — „Дајте му го признанието на некој друг, не ми е грижа“

Музичката икона Мараја Кери покажа дека воопшто не е погодена од...

Ријана за првпат позираше со ќеркичката за насловна страница

Ријана се врати на насловната страница на списанието „Даблју“, овој...

ЅВЕЗДИТЕ НА „ЃАВОЛОТ НОСИ ПРАДА 2“ БЛЕСНАА НА СВЕТСКАТА ПРЕМИЕРА ВО ЊУЈОРК

Речиси 20 години откако оригиналниот филм стана поп феномен,...