Претседателот на здружението „Цар Борис Трети“ од Охрид, кое беше избришано од Централниот регистар на Македонија, Томе Блажевски е повикан на распит во Обвинителството во Охрид.
Блажевски на 28 април треба да се појави во обвинителството како осомничен за „предизвикување национална, расна и верска омраза. раздор и нетрпеливост“ по член 319 и „омаловажување на македонскиот народ“ по член 179 од Кривичниот законик на Македонија.
Информацијата за распитот ја потврди и „Цар Борис Трети“ од Охрид преку својата Фејсбук страница.





