Претепан секретарот на културниот клуб Цар Борис Трети во Охрид, европратеникот Ковачев тврди дека сакале и да го убијат

Date:

екретарот на бугарскиот културен клуб „Цар Борис Трети“ во Охрид синоќа бил претепан, јавија бугарските медиуми, а случајот го потврди и македонското МВР.

Тројца напаѓачи почнале да го удираат секретарот на бугарскиот културен клуб, го навредувале и му се заканувале дека ќе го убијат бидејќи е Бугарин и работи во културниот центар. Веднаш ги известив бугарското и македонското МНР. Контактирав со министерот за надворешни работи на РСМ, Бујар Османи и го повикав веднаш да се позанимава со случајот, а по половина час тој ми напиша дека сите тројца напаѓачи се идентификувани, изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за емисијата BulgariaOnAir.

Според него, состојбата на претепаниoт не е добра.

„Мислам дека неговите физички повреди се сериозни, но и психичките“, истакна тој.

Ковачев потсети дека пред само неколку дена во медиумите на РМ беа дистрибуирани фотографии од оние кои учествуваа во прославата на Мара Бунева со повик „да им се згорчи животот“.

„Османи ми рече дека сите тројца напаѓачи се идентификувани. Тие не можат да останат неказнети. Предметните млади ги учеле на училиште дека Бугарите се фашистички окупатори и асимилатори. Дознав дека едно од момчињата е спортист кој освоил некоја титула. Знаеме и кои се тие формации – противници на клубот“, резимира Ковачев, додавајќи дека синоќа тој се обидел да разговара со истепаното момче, но не успеал, бидејќи жртвата е скршена вилица.

Нападот на секретарот на бугарскиот клуб во Охрид бил пријавен околу 22 часот и 30 минути го потврди и македонското МВР со соопштение.

Дваесет и едно годишниот Х.П. од Охрид синоќа бил нападнат од тројца охриѓани во угостителски објект на кеј „Македонија”.

– Според пријавеното од Х.П., во угостителски објект лоциран на кеј „Македонија” во Охрид, а потоа и надвор од објектот, физички бил нападнат од С.К., С.К. и И.С., сите од Охрид и притоа се здобил со тешки телесни повреди, констатирани во Општата болница во Охрид, соопшти портпаролот на СВР Охрид Стефан Димоски.

За нападот бил известен јавен обвинител и СВР Охрид презема мерки за расчистување на случајот, по што ќе следува соодветна пријава.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Кога беше најпотребно одигравме најлошо: Македонија остана без шанси за осминафинале

Место најдобрата партија на ова Европско, македонската репрезентација го...

Драматична порака од нафтените гиганти: „Големата криза со горивото пристигна, нема олеснување на повидок“

Водечките раководители на американските нафтени компании предупредуваат дека долгорочната...

Нема преговори за Изборниот законик, партиите ги демантираат Сали и Гаши

Не се случуваат никакви меѓупартиски преговори околу Изборниот законик...