ПРЕСТОЈОТ НА АЛЕКСАНДАР МАКЕДОНСКИ ТРЕТИ ВО ВАВИЛОН (73)

Date:

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН ВО ПРЕВОД НА СЛАВЕ КАТИН – I ДЕЛ

Дарие I, чиј суверенитет му беше доделен од Ахурамазда, според неговите сопствени документи, беше исто така крал на Вавилон, крал на земјата, како што се вели во вавилонските текстови. Така, востанието на Тарзија (479) го загуши неговиот син Ксеркс со оваа традиција. Тој го уништи храмот на Мардук (Есагила), го зеде тој имиџ и му стави крај на засебното кралство на Вавилон, а Ахеменидите никогаш потоа не назначуваа кралеви на Вавилон.

Посебната позиција на Вавилон беше прво обновена од Александар Македонски. Co цел што подобро да се запознае со религиозните чувства на новопотчинетите, како што го направи и во Египет, а особено да се постави добро со свештениците, погрешно ги нарече Халдејците како антички Грци и Романи. По влегувањето нареди да се обноват храмовите уништени од Ксеркс, а особено храмот на Мардук.

 Притоа настојуваше да се остварат желбите на свештениците и, како што забележа Ари-јан, приложи жртва на Мардук според нивните церемонии. Тоа беше кралско принесување на жртва, што Тирјанците не дозволија да го направи во нивниот град.

Старите традиции, што сега ги презсде Александар, спојувајќи ги со светската доминација и суверенитетот над Вавилон, морале да му бидат добредојдени, но тоа тешко му ја смируваше душата.

Оваа вавилонска доминација над светот едноставно бараше владеење над подрачјата на Азија (вклучувајќи го и Египет), a тоа единствено значеше суверенитет над Азија што му беше ветено уште во Гордиум, а официјално потврдено од собранието на војската во Арбела, пред да дојде во Вавилон.

Но нема да биде точно ако од вавилонските традиции произлезат барањата да се владее над Азија. Сепак, можеше да биде од значење за Александар Македонски да најде во старите метрополи на Ориентот потврда на она што го доби со својата десна рака, бидејќи прокламацијата кај Арбела беше навистина само последица од неговите гигантски подвизи.

Влегувањето на Александар Македонски во Вавилон

Како и во Египет, каде што Александар Македонски постави месно население на чело на цивилната власт, така и сега при освојувањето од земја во земја, како Крал на Азија, функциите ги даваше на Персијци со титула намесник.

Тоа беше направено првпат во Вавилон и значително придонесе за јакнењето на Александар Македонски како крал на Вавилон. Мазај го назначи намесник во знак на благодарност што му ја предаде цврстата тврдина.

Освен тоа, Мазај го постави за граѓански гувернер во својство на македонски генерал да командува со единиците. Финансиските и даночните работи беа одвоени од намесништвото и му беа доверени на еден Македонец.

Врз овој принцип Александар Македонски ја водеше администрацијата и во другите намесништва на Исток, сé додека не беа потребни некои измени. Како посебна мерка, што наскоро беше укината, на Мазај како намесник му беше дозволено да кова пари.

Од Вавилон каде што остана околу еден месец, Александар Македонски тргна кон исток и во период од дваесет дена допатува во Суса, стариот главен град на Елам, кој беше главна престолнина кога владееја Ахеменидите. Во посвежата Екбатана остана само во жешките летни месеци, а зимата и пролетта во Вавилон.

Каква улога одигра Суса во античкиот грчки свет од Аешил до срамниот мир на Анталцида? Колку амбасадори на античките грчки држави чекаа во претсобјето на Големиот крал?

Наспроти тоа, Александар Македонски и неговите Македонци сега влегоа таму без да употребат оружје. Колку беше загрижен да го заштити градот и неговото богатство е покажано со испраќањето на Филоксен во Суса директно од бојното поле кај Гавгамела. Пораката од Филоксен му беше патем пренесена дека Суса се предала и дека богатството останало негибнато.

Првпат Александар Македонски освои едно од најголемите депоа на богатство на персиските кралеви. Тоа беше од посебно значење. Дарие I воведе метални пари во империјата, која дотогаш беше управувана врз основа на размена на природни производи, а покрај данокот на намесниците се плаќаше и данок на кралот.

Меѓутоа, стариот систем преовлада и сега како и пред тоа: наместо да ги пушти во оптек добиените готови пари, Александар Македонски ги натрупа во своите главни дворци и на примитивен начин, како и Херодот, ги стопи во златни и сребрени прачки, кои во случај на потреба ги сечеше и ги претвораше во ковани пари.

Продолжува

Пишува: СЛАВЕ КАТИН

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Бенедикт – доручек со јајца

Потребни состојки:2 јајца2 лепчиња за бургер (или земички)4 парчиња...

Денови на хаос над европското небо поради затворање на Хитроу: Десетици летови се откажани

Патниците ширум светот се подготвуваат за денови на хаос...

Македонија има нов херој: 19-годишниот Јован од Виница спаси над 20 деца во пожарот во Кочани

Тивкиот хероj во големата трагедија. Вака на социјалните мрежи...

Се проширува листата на осомничени, првите пациенти на лекување во странство се очекува да се вратат во понеделник

Активностите на полицијата и на Обвинителството за истрагата за...