Преспанското езеро продолжува тивко да умира, во опасност и 275 видови на риби, алги и птици

Date:

Вториот по големина македонски езерски бисер, Преспанското Езеро, продолжува да умира на очиглед на сите. Нивото на езерото во однос на истиов период лани, годинава е намелено за 70 сантиметри, покажуваат последните мерења на УХМР. Црвениот аларм дека Eзерото веќе е во фаза на еколошка катастрофа со што сериозно се загрозени и 275 ендемски видови на риби, алги и птици, е вклучен одамна, предупредуваат еко-активистите и бараат итни и ургентни мерки од државата за спас и на Езерото, но и на цела Преспа.

Повеќе од 20 години Преспа е заборавена, значи ништо не се вложило. Освен донаторските програми на ЕУ, кои на каков-таков начин придонеле за тоа малку што е инвестирано во Преспа. Сметаме дека одговорноста треба да се бара во врвот на државата затоа што за реон кој припаѓа на три држави, се наоѓа помеѓу два национални паркови, прогласен е за заштитетно подрачје, во Преспа го имате Паркот на природата – Езерани, Езерото е прогласено за Споменик на природата, сметаме дека државата треба да си поводи сметка оти ова е проблем на сите нас кои живееме во оваа земја и треба со конкретно преземање на чекори да се обидеме да го вратиме сјајот на Преспа“, вели Марија Ефтимовска од Здружението „Еко Герила“, Ресен.

Дека и општина Ресен е немоќна било што да направи, говори и последниот податок што Владата, со назнака „итно“, на почетокот од годинава побарала Општината да ги врати 84-те милиони денари од наменската сметка, наменети точно за спас на Езерото. „Се разбира дека одбив. Ние парите нема да ги вратиме, иако ни ги „замрзнаа“. Тие пари се строго наменски и така и ќе останат, независно од евентуалните последици кои би ги трпеле како „казна“ од Владата која очигледно прави се’ за парите да не се употребат за тоа што и се наменети“, – ни изјави за Алфа, ресенскиот градоначалник, Јован Тозиевски.

Во јануари пак, премиерот Ковачевски, при посетата на Преспа, најави дека допрва ќе се правеле анализи и ќе се преземале мерки за спас на Преспанското Езеро.

„Ние разговаравме со ресорните министерства во врска со овој проблем и дека во наредниот период ќе мора да се изработи анализа врз основа на која ќе може да се определат активности и мерки и како да се спаси Преспанското Езеро, исто како што во минатото беше направено и со Охридското Езеро“, кажа премиерот Димитар Ковачевски (21.01.2023 г.).

Инаку, Преспанското Езеро е едно од најстарите во Европа, над 1 милион години. Во последниве години на некои места тоа е повлечено и до 3 километри, а  сегашното ниво е 6,1 метри под нултата кота.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...