Преслаткиот момент на кралот Чарлс и принцезата Шарлот пред црквата

Date:

Британското кралско семејство овој викенд повторно се собрало во полн состав за традиционалната велигденска миса пред капелата „Свети Ѓорѓи“ во Виндзор. Иако протоколот налагал строга формалност, 77-годишниот крал Чарлс не можел да одолее на тоа да ја покаже својата емотивна страна пред сите, приредувајќи пресладок момент со својата внука, принцезата Шарлот.

Пред самото влегување во црквата, британскиот монарх застанал на момент, широко се насмевнал и нежно ја допрел принцезата Шарлот по рамото.
 Овој топол потег веднаш го привлекол вниманието на сите присутни и на објективот на камерата, покажувајќи колку длабоко е поврзан кралот со своето семејство, и покрај строгите кралски правила и неодамнешните здравствени проблеми. По овој трогателен поздрав, Чарлс Трети влегол во капелата, а по него кралицата Камила, принцот Вилијам, принцезата Кејт и малите принцови Џорџ и Луис.

Кралот бил видливо расположен, мавтајќи срдечно кон насобраните луѓе. Додека Чарлс и Камила пристигнале во државниот автомобил „бентли“, високите членови на кралското семејство, предводени од принцот и принцезата од Велс, до црквата прошетале од замокот Виндзор. Кралицата Камила за таа пригода избрала впечатлив црвен фустан од креп волна од Фиона Клер, а посебен детаљ бил брошот што некогаш ѝ припаѓал на покојната кралица Елизабета Втора.

Принцезата Шарлот, облечена во пресладок фустан преку кој носела палто со кадифена јака, им мавташе на луѓето додека малиот Луис гордо чекорел покрај неа.

Забележително било отсуството на поранешниот принц Ендру и неговите ќерки, принцезите Беатрис и Евгенија. Иако присуствувале на мисата минатата година, овој пат, во договор со кралот, било одлучено тие да го прескокнат традиционалното собирање. Извори тврдат дека тие ќе се приклучат на семејството во иднина, но сегашните околности и неодамнешниот јавен притисок поради нивната поврзаност со Џефри Епстин јасно пресудија во корист на нивното отсуство.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Големата четворка според планот: Вардар забележа најтесна, а Охрид најубедлива победа во Суперлигата

Вардар 1961, Еурофарм Пелистер, Охрид и Алкалоид забележаа победи...

THE NEWSPAPER “MACEDONIAN NATION” (1971-1990) PART II (49)

PART OF THE MONOGRAPH “GOJKO JAKOVLEVSKI” BY SLAVE KATIN From...

Зеленски подготвен да се сретне со Путин за време на самитот на Г20 во САД

Украинскиот претседател Володимир Зеленски изјави дека би бил спремен...

Мицкоски откри дека има пријави и за други случаи на барање мито во институции кои се следат

Премиерот Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарски прашања откри...