Полицијата ноќеска уапсила 36 – годишен маж, државјанин на Турција, откако бил забележан како со џип „ниссан кашкаи“ пренесува мигранти. Возачот пренесувал шест лица – мигранти, петмина од Египет и еден од Сирија.
По даден знак за застанување на возилото од страна на полициски службеник, возачот не застанал, но кратко потоа бил сопрен близу гевгелиското село Кованец.
Од МВР информираат дека мигрантите биле пренесени во прифатниот центар Винојуг, а по целосно документирање на случајот, против возачот ќе биде поднесена соодветна пријава.