Предлогот на Трамп за ослободување на бакшишите од оданочување ќе го чини буџетот до 250 милијарди долари

Date:

Најавата на поранешниот претседател Доналд Трамп дека ако повторно стане претседател, ќе стави крај на оданочувањето на бакшишите, според првичните проценки ќе ја чини федералната влада до 250 милијарди долари во текот на 10 години.

Предлогот – првпат изнесен од Трамп пред нешто повеќе од една недела во Невада – ќе го зголеми буџетскиот дефицит на нацијата за помеѓу 150 и 250 милијарди долари, а можеби и многу повеќе ако предизвика промена на вкупната компензација од плати кон напојници наведува во анализа Комитетот за одговорен федерален буџет.

Во обид да ги придобие гласачите во држава која е силно зависна од угостителската индустрија, Трамп на митинг на 9 јуни во Лас Вегас рече дека ќе се ослободи од данокот на бакшиш, „веднаш, првата работа кога ќе дојде на функцијата, затоа што тоа беше точката која се спореше со години и години“.

За промена на законот ќе биде потребно одобрение од Конгресот, кој претходно не постапил по предлогот. Но, во 2025 година, пратениците ќе имаат шанса да ги напишат даночните закони на нацијата, кога ќе истечат даночните закони на Трамп од 2017 година.

Даночните закони сега бараат работниците кои заработуваат плати врз основа на напојници, да ја пријават својата заработка кај даночниците, а приливот потоа се оданочува со иста стапка како и редовниот приход.

„Во пракса, ослободувањето на приходот од бакшиш од оданочување ќе ги поттикне работниците и работодавачите да го рекласифицираат обичниот приход како приход од бакшиш онаму каде што е можно и може да доведе до поголема промена кон пониска основа и повисок приход од бакшиш пошироко“, се вели во анализата, пренесува Си-Би-Ес њус.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ЕТНОГЕНЕЗАТА – ПОТЕКЛОТО НА ДРЕВНИТЕ (АНТИЧКИТЕ) МАКЕДОНЦИ (5)

ДЕЛ ОД АНТИЧКА МАКЕДОНИЈА ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „ИЗБОР НА ТРУДОВИ“...

Дејвис Куп: Македонија загуби од Летонија, но обезбеди пласман во Втората Европска зона

Македонската Дејвис Куп репрезентација ја оствари главната цел на...

Германско финале во ЛШ: Магдебург по голема драма ја победи Барса

Магдебург се пласираше во финалето на Лигата на шампиони,...

Киноа-салата со печен сладок компир, авокадо и фета

Оваа салата е вистински фестивал на бои и вкусови...