Превртени портокал тортички

Date:

Рецептов веќе го знаете како превртена портокал торта. Овој пат во форма на поединечни тортички печени во калап за мафини. Тестото е превкусно, многу сочно и меко, а мешавината од портокал и цимет им дава прекрасна арома.

Состојки:

За кандираните портокали:

– 2 портокали

– 150 грaма шеќер

– 150 милилитри вода

За тортата:

– 2 јајца

– 130 грама шеќер

– 1/4 лажиче сол

– 110 милилитри маслиново масло

– 1 лажиче ванила екстракт

– 1 лажиче цимет

– кора од еден портокал

– 2 лажици или 30 милилитри сок од портокал

– 1/8 лажиче сода бикарбона

– 1/2 лажиче прашок за печиво

– 130 грама брашно

Подготовка:

Измијте ги портокалите убаво ако ги кандирате сосе кората, ако не – излупете ги. Јас ги миев со сода бикарбона. Исечете ги на тенки кругови, 3 мм. Во тенџере на оган загрејте ја водата со шеќерот додека проврие. Намалете ја температурата, ставете ги круговите портокал и нека вријат 15 минути.

Загрејте ја рерната на 175 степени Целзиусови.

Премачкајте го калапот за мафини со путер. Ако користите силиконски калап може да го прескокнете овој чекор.

Во еден сад измешајте го брашното со прашокот за печиво и циметот.

Во друг сад изматете ги јајцата со шеќерот и солта додека станат пенести. Додавајте го маслото во тенок млаз додека матите.

Додајте ја сода бикарбоната, кората и сокот од портокал и ванилата.

На крај додајте ги сувите во влажните состојки и со шпатула измешајте ги нежно.

На дното на секој дел од калапот ставете портокал. Течноста во која се вареа, не фрлајте ја, на крај ќе ги премачкате мафините со неа.

Префрлете ја смесата во калапот и печете околу 35 минути или додека чепкалка боцната во тестото ќе излезе чиста.

Оставете ги тортичките да се изладат во калапот 10 минути пред да ги извадите.

Со мека четка премачкајте ги мафините со сирупот во кој се вареа портокалите.

Послужете со матена хопла или шлаг. 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...