Превртена торта од јаболка: Комбинација од миризлив фил, мек пандишпан и лесен шлаг

Date:

Миризливи печени јаболка, мек пандишпан и лесен шлаг ја прават оваа торта совршен избор за секоја пригода.

Потребни состојки:

за овошниот дел:

  • 6 јаболка
  • 75 грама шеќер
  • 1 лажичка мелен цимет

за пандишпанот:

  • 5 јајца
  • 5 лажици шеќер (65 грама)
  • 5 лажици брашно (40 грама)
  • ½ кесичка прашок за пециво
  • 1 кесичка ванилин шеќер

за декорација:

  • 500 мл шлаг

Подготовка:

Измијте ги, излупете ги и исечете ги јаболката на половинки, потоа отстранете ги семките и исечете ги на парчиња со дебелина од околу 8 милиметри. Посипете ги со цимет и мала количина шеќер.

Намастете тава за печење со путер и брашно и на дното премачкајте го остатокот од шеќерот. Загрејте ја рерната на 180 степени и печете ги јаболката околу 25 минути.

Во меѓувреме, подгответе го пандишпанот. Одделете ги белките од жолчките. Матете ги белките додека не се стврднат. Додадете го шеќерот и ванилиниот шеќер во жолчките и матете додека не добиете пенеста смеса. Додадете го брашното и прашокот за печиво и соединете сè во мазна смеса.

На крај, постепено додавајте ги белките, мешајќи нежно за смесата да остане воздушеста. Извадете ги печените јаболка од рерна и рамномерно распоредете го подготвениот пандишпан врз нив.

Печете го колачот уште 20 минути на 180 степени, а потоа проверете со чепкалка за заби дали е печен. Доколку е потребно, продолжете го времето на печење за уште 5 минути.

По печењето, извадете го колачот од рерна и оставете го неколку минути, а потоа внимателно превртете го на чинија. Оставете да се олади на собна температура. Изматете го кремот додека не стане цврст, потоа намачкајте го врз изладениот колач и рамномерно распоредете го. Ставете го колачот во фрижидер најмалку 4 часа пред сервирање.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија со реми против Северна Ирска на стартот на квалификацискиот турнир

Македонската фудбалска репрезентација до 19. години со реми без...

Мбапе е изолиран: Ладна атмосфера во француската репрезентација

Килијан Мбапе го пропушти денешниот тренинг на француската репрезентација...

Австралиските „Kangaroos“ и „Jillaroos“ ги објавија составите за финалето на Светското првенство во рагби лига против Нов Зеланд

Австралија ги објави составите на машката и женската репрезентација...