Прво дело од областа на социјалната историја во македонската историографија

Date:

Историчарот Васко Гичевски бесплатно ја отстапи книгата – прво дело од областа на социјалната историја во македонската историографија

„Мојата цел како автор и како просветен работник не е да пишувам само за акдемската заедница. Мојата главна цел е народот. Книгите се пишуваат за да се читаат и за знаењето содржано во книгата да биде од полза на сите, а не само да стане затворено во библиотека и да служи на неколкумина професионално ориентирани кон овие теми. Академската заедница секако ќе биде задоволна бидејќи книгата е изработена според сите научни стандарди, но за мене најголем успех ќе биде доколку темите од социјалната историја на Македонија заживеат меѓу македонскиот народ и му послужат како поука. Бидејќи минатото ни помага подобро да ја разбереме сегашноста и до некаде да си ја определиме и планираме иднината“, рече историчарот Васко Гичевски во интервју за Умно.мк пред промоцијата на неговата книга „Селото во Битолскиот Санџак 1878-1912: Социјална историја на селото и селанството во последните три децении од османлиското владеење“.

Промоцијата се одржа неделава, а во чест на 80 годишнината од првото заседание на АСНОМ и создавањето на современата македонска држава, Гичевски ја отстапи книгата за бесплатно преземање и читање. Книгата претставува прво дело од областа на социјалната историја во македонската историографија.

Според м-р Димитар Димески, промотор на книгата, делото е комплетна анализа на селската заедница во Битолскиот Санџак, која е документирана со обемна изворна документација, што претставува посебна вредност на книгата.

– Напишана е на јасен и приемчив стил, така што е лесно достапна дури и за некој кој не е подетално упатен во тогашните општествено-политички прилики. Дополнително, таа е одлично конципирана, со проблемски пристап, така што овозможува увид во влијанието на сите процеси што се случувале во Османлиската Империја и нивното пресликување на локално ниво – велу Димески.

Рецензентот на книгата проф. д-р Никола Минов од Институт за историја при Филозофскиот факултет во Скопје вели дека важноста на социјалната историја на селото и селанството во османлиска Македонија е неизмерлива.

– Оваа област на историско истражување, толку неправедно занемарена од македонската историографија, ни обезбедува увид во социјалната, економската и културната динамика на селската заедница, во историските промени и во предизвиците со кои се соочувале обичните луѓе. Со напредокот на историските истражувања во оваа област ќе можеме многу подобро да го разбереме минатото и да го процениме влијанието што тоа го има врз современото општество – вели Минов.

Васко Гичевски е роден 1997 година во Битола. Дипломирал на Институтот за историја на Филозофскиот факултет при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ во Скопје во 2020 година. Прогласен е за најдобро дипломиран студент на генерацијата и добитник е на наградата „26 Јули“ од Фондацијата „Франк Манинг“ за покажан особен успех во студирањето. Активно се занимава со проучување на социјалната историја на Османлиска Македонија. Автор е на повеќе научни трудови објавени во релевантни научни списанија и четири дигитални – интерактивни мапи на недвижното културно наследство од Османлискиот период во Скопје и Битола. Член е на претседателството на Здружението на историчарите на Република Македонија од 2021 година. Од 2021 година вработен е во основното училиште „Славко Лумбарковски“ во Новаци.

Книгата можете да ја преземете на следниве линкови:
https://shorturl.at/OBcId
https://drive.google.com/file/d/1bns3Qw3INbvuYtExxjsyDkxOWKHwV5G1/view?usp=sharing – google drive 

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Сиљановска-Давкова со Муцунски и Љутков во петок во Софија

Претседателката Гордана Сиљановска-Давкова во петок (13 септември) ќе ја...

МАКЕДОНСКИТЕ УЧЕНИЦИ УЧАТ 900 ЧАСОВИ ПОМАЛКУ ПОД СВЕТСКИОТ ПРОСЕК

Македонија се соочува со криза во учењето и според...

БРИЖИТ МАКРОН ЌЕ СЕ ИГРА СЕБЕСИ ВО СЕРИЈАТА „ЕМИЛИ ВО ПАРИЗ“

Првата дама на Франција Брижит Макрон ќе се појави...