Поп иконата Мадона го загрижи цел свет, по вестите дека била пронајдена без свест во својот стан, по што итно била пренесена во болница во Њујорк минатата сабота. Докторите во болница се бореле за нејзиниот живот.
Била во критична состојба
Таа тогаш била интубирана најмалку една вечер пред цевката да ѝ биде отстранета и сега е будна и закрепнува. Исто така било соопштено дека нејзината ќерка Лурд Леон била покрај неа постојано.
Долгогодишниот менаџер на Мадона, Гај Озири, споделил објава на Инстаграм во средата дека неговиот клиент „развил сериозна бактериска инфекција која довела до повеќекратен престој на интензивна нега“.
Ја победила болеста
Мадона успеала да се избори со овие сериозни здравствени проблеми и како лавица после неколку денови излегла од болница, по што одредила што ќе се случи со нејзиниот имот во случај на нејзина смрт.
Вчера Мадона споделила и фотографија на социјалните мрежи. Поп дивата позирала со плишена играчка, па ги споделила фотографиите на Инстаграм стори, а фановите ширум светот биле воодушевени и разнежнети од нејзиниот изглед и коментирале дека изгледа посвежо од претходно.
Што ѝ претходело на болеста?
Инаку, Мадона се разболела поради тоа што се префорсирала. Мадона во неделата напорно вежбала за својата претстојна славеничка турнеја на Лонг Ајленд, пред да биде пронајдена без свест и да биде хоспитализирана, изјавил за „Page Six“ извор близок до продукцијата.
„Работеше по 12 часа дневно“, изјавил инсајдерот, па додал: „Напорно вежбаше и целосно се препушти на работата“.