Од почетокот на пандемијата, Канада беше земја со едни од најдраконските мерки за контрола на населението. Во таа вакцинална хистерија, невакцинираните лесно губеа работни места и не смееа ни да припарат во јавен транспорт или јавни места. Стигна извинување и ветување дека грешките ќе бидат поправени.
Строги карантини, задолжителни маски и вакцинирање ако се сака да се задржи работното место беа некои од мерките кои се спроведуваа во Канада за време на ковид пандемијата.
Оние кои не беа вакцинирани не можеа да користат јавен транспорт и да посетуваат јавни места за каде се бараше доказ за вакцинираност, фамозните ковид-пасоши.
„Згрешивме,“ рече премиерката на канадската провинција Алберта, Даниела Смит, преземајќи храбар и без преседан чекор од врвен политичар да им се извини на невакцинираните за нефер третманот што го претрпеа во вакциналната хистерија.
Доблесната Смит не остана само на извинување туку вети дека ќе биде вратен на работа секој кој го изгубил местото заради довчерашните критериуми за подобност.
Некои конзервативни коментатори беа вонсериски изненадени од потегот на првата политичарка на Алберта.
На Даниела Смит ова не ѝ е првпат да оди контра струјата. Брзо штом стапна на функција, го предупреди првиот човек на Светскиот економски форум, моќниот Клаус Шваб, дека е крајно невкусно неговото фалење колку ги контролира политичките и државни лидери во светот.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]