Првата дама на САД, Џил Бајден ќе доделува музички награди „Греми“, објави Белата куќа.

Водител на „Греми“ наградите годинава е комичарот Тревор Ноа. Свеченоста ќе се одржи в понеделник на 6 февруари, рано наутро по македонско време.

На списокот на доделувачи на наградите, освен првата дама  се и раперката Карди Би, поп-ѕвездата Оливија Родриго, глумците Двејн Џонсон, Вајола Дејвис, Били Кристал, како и комичарот Џејмс Корден и канадската уметничка Шанаја Твејн.

Бајден не е единствената прва дама што досега се појавила на доделувањето на престижните „Греми“ награди. И поранешната прва дама Мишел Обама беше на таа сцена во 2019 година, а година подоцна освои „Греми“ за албум cо аудиоговор, за нејзините аудиомемоари „Becoming“.

Хилари Клинтон доби „Греми“ во 1997 година како прва дама, за нејзината книга „It Takes a Village“.

Номинациите за неделните Греми награди беа објавени во ноември.

Најмногу номинации има Бијонсе – вкупно девет, со што се изедначи со својот сопруг, раперот Џеј Зи, за најноминирани уметници на сите времиња.