Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и 17 гласа „против“ ја изгласаа потребата од носењето измени во Законот за локална самоуправа со кои ќе се овозможи да се се избегнат предвремените локални избори во општините чии градоначалници станаа министри, а кои сега се раководени од времени вршители на должност – градоначалник. По ова гласање, предлог законот ќе биде разгледуван во матичната комиисија.
Според координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ Никола Мицески овие измени се само привремено решение за да се избегнат двојни трошоци во општините, затоа што во октомври догодина ќе се сприведат редовни локални избори. Станува збор за три општини, Аеродром, Гостивар и Сарај со кои раководеа Тимчо Муцунски од ВМРО-ДПМНЕ и Арбен Таравари од коалицијата Вреди (Влен) кои станаа министри, а Блерим Беџети градоначалникото столче го замени за пратеничко.
Пратениците на опозициската СДСМ не дадоа поддршка за овие законски измени, затоа што, како што велат, со нив се погазува волјата на избирачите, односно добиваат градоначалник за кој не гласале на претходните избори.
Со измените на еден од членовите во законот се предвидува преодно решение за постапката за распишување нови избори за градоначалник, поради настапување на еден од случаите за престанок на мандатот на градоначалник по сила на закон до одржување на првите редовни избори за членови на советите на општините и градоначалниците.