Празниците поминуваат, проблемите остануваат

Date:

Не се доволни досегашните мерки кои ги преземаат надлежните за да се намали загадувањето на воздухот, тврдат екологистите. Токсичниот воздух во Скопје и другите градови ќе се дише уште долго време, ако не се направат похрабри чекори.

Додека граѓаните повторно на отворено ги вратија маските и не ги отвораат прозорците за миризбата да не влезе во нивните домовите, продолжува расправијата на релација власт – опозиција. СДСМ обвинува дека загадениот возух е резултат од кавгите на Арсовска и ДПМНЕ за тендери и провизии, а за реалните проблеми на граѓаните не направиле ништо.

„Факт е дека локалната власт на ВМРО-ДПМНЕ и нивната коалиција во Скопје со Левица и Арсовска не преземаат ништо за да го решат овој проблем. Аерозагадувањето е најголемиот причинител на зголемен број на заболувања кај луѓето и предвремена смртност. Всушност, ова е резултатот од незаинтересираноста на Арсовска и ДПМНЕ за граѓаните на Скопје“, обвинуваат од СДСМ.

Советниците на СДСМ во град Скопје побараа вонредна седница и предложија неколку мерки, меѓу кои бесплатен јавен превоз, миење на улиците, план за чистење на депониите…Но, од ВМРО ДПМНЕ не сметаат дека треба да има вонредна седница во градот. И тие прстот го вперија во владејачката партија.

„СДС е централна власт 7 години, и за целиот тој период нема направено ниту една инвестиција, со која би се намалило загадувањето на воздухот. Ковачевски и Арсовска се договараат за тендери, но не можат да се договорат да одвојат средства за намалување на загадувањето на воздухот“, реагираат од ВМРО-ДПМНЕ.

Додека почитичките партии се препукуваат од Арсовска и натаму молк за горливиот проблем на скопјани. Појавувањата пред јавноста остануваат протоколарни, исто како и изјавите.

Скопје и денеска е 15 пати загаден над дозволеното со 78,2 микрограми на метар кубен PM 2, 5 честички.

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Пчела со ѓаволски рогови пронајдена во Австралија, ја нарекоа „Луцифер“

Австралиските научници открија нов вид на домородна пчела со...

Токио протестира поради повикот на Кина да не се патува во Јапонија

Јапонија денеска издаде дипломатски протест до Кина, кои ги...

„Марш за ангелите“ во Скопје пред почетокот на судскиот процес

Правдата и вистината да излезат на виделина, кој се...

Сопругата на Андреј од ДНК до пратениците: Утврдете кои институции задоцнија

Наталија Ѓорѓиеска, сопругата на пејачот Андреј Ѓорѓиески од ДНК,...