Православните и католичките верници годинава го слават Велигден на ист ден

Date:

Оваа година и православните и католичките верници го слават Велигден на ист ден – 20 април. Ваквото поклопување не се случува често, бидејќи источната и западната црква користат различни календари (јулијански и грегоријански), но годинава датумите се совпаѓаат.

Двата најважни празници во христијанството се Божиќ и Велигден, денот на раѓањето и денот на воскресението на Исус Христос. Датумот на Божиќ е утврден – тоа е 25 декември, и во јулијанскиот и во грегоријанскиот календар.

Велигден, пак, секоја година паѓа на различен датум, што многумина збунува. Иако секогаш се слави во недела, правилата за одредување на датумот на овој празник не се едноставни – тие вклучуваат астрономија, математика и вековна црковна традиција.

Велигден мора да падне по пролетната рамноденица, во неделата по полната месечина, на 14-тиот ден од еврејскиот месец нисан. Но, постојат неколку причини кои дополнително го комплицираат сето ова. Како прво, астрономските набљудувања не се користат за одредување на денот на пролетната рамноденица и полната месечина, туку Велигденски таблици – јулијански и грегоријански. Затоа, може да се случи „црковната“ полна месечина да се разликува од реалната и до неколку дена, што директно влијае на датумот на празникот.

Втората, најважна причина за разликата во датумот на „православниот“ и „католичкиот“ Велигден е еврејскиот празник Пасха. За православните христијани, Велигден мора да биде по празникот Пасха – кој е клизен, според еврејскиот лунарен календар. Тоа има и длабоко теолошко значење, бидејќи Христовото воскресение се случило по Пасха. На овој начин се зачувува хронолошкиот и симболичкиот редослед на библиските настани. На оваа пресметка за славење на Велиден по Пасха се придржуваат и православните цркви кои го прифатија Грегоријанскиот календар за празнување на Божиќ.

Католичката црква не ја смета оваа врска задолжителна, па затоа Велигден понекогаш паѓа и пред Пасха.

По годинашното совпаѓање, догодина православната и римокатоличката црква, повторно различно ќе го слават Велигден. Православните верници Воскресението Христово во 2026 година ќе го одбележат на 12 април, а католичките една недела порано на 5 април.

Последното славење на Велигден на ист ден беше во 2017 година, а следното ќе биде на 16 април 2028.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ETHNIC ORGANIZATION OF THE MACEDONIANS IN USA AND CANADA BETWEEN THE TWO WORLD WARS (10)

PART OF THE BOOK “SELECTED PAPERS FOR MACEDONIA” BY SLAVÉ...

УНГАРИЈА ЗАПЛЕНИ УКРАИНСКИ КОМБИЊА СО 80 МИЛИОНИ ДОЛАРИ И ЗЛАТО, УКРАИНА ЈА ОБВИНИ ЗА КИДНАПИРАЊЕ

Унгарските даночни власти кажаа дека уапсиле седуммина Украинци и...

ЕСЧП ја прифати жалбата на Апасиев против Џафери за одбиеното барање за референдум за „францускиот предлог“

Политичката партија Левица денеска соопшти дека Европскиот суд за...