[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Забраните за селфи на туристичките места стануваат се почести и тоа со добра причина, спасуваат животи.
Бројот на смртни случаи предизвикани од фотографирање селфи го надмина бројот на фатални напади на ајкула, покажува најновата студија објавена во списанието „Travel Medicine“, пренесува Јуровикли њуз.
Во последните 13 години регистрирани се 379 смртни случаи поврзани со селфи фотографии, од кои 140 биле туристи, во споредба со 90 фатални средби со ајкули.
Во просек, жртвите биле на возраст од 24,4 години, но Индија, САД и Русија имаат најголем број на такви смртни случаи. Луѓето, наводно, ги ризикуваат своите животи за совршено селфи, што доведува до фатални падови од карпи, несреќи со возила и возови, опасни средби со диви животни и давење.
Властите преземаат мерки, изрекуваат парични казни, па дури и затворски казни за несовесно селфи однесување. Забраните за селфи стануваат сѐ почести во туристичките места, па Портофино во Италија воведе привремена забрана за селфи за да ги спречи туристите да го попречуваат сообраќајот додека се фотографираат.
Желбата за внимание и валидација на социјалните медиуми често предизвикува несовесно однесување, што ги наведува луѓето да ги игнорираат безбедносните предупредувања или да се впуштат во опасни области. Како пример, порталот наведува гондола со туристи во Венеција, која за малку ќе се превртела бидејќи туристите биле премногу фокусирани на правење селфи наместо да ги слушаат безбедносни предупредувања. Се додава дека за среќа во овој инцидент нема повредени.
Студијата покажала и дека во претходните фатални случаи жените почесто умирале од пад или средба со животни, додека мажите најмногу гинеле од сообраќајни несреќи.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]