По трошењата за ручеци и ордевери, Владата купува и цвеќиња за 3 милиони денари

Date:

Владините трошења за луксузни производи не престануваат. По луксузните првокласни прехранбени производи, Службата за општи и заеднички работи на Владата планира годинава да потроши околу 3 милиони денари или околу 48.000 евра за цветни букети, венци и други слични украси. За овие производи, владината служба веќе склучила договор со избраниот понудувач, моментално во вредност од повеќе од 39 илјади евра.

Побаравме објаснување од Владата зошто им треба толку многу свежо цвеќе и кога ќе го користат. Ни одговорија дека им се потребни за протоколарни активности за Владата и за кабинетот на претседателот.

„Јавната набавка е објавена на транспарентен начин согласно Законот за јавни набавки, а во неа имаа можност да учествуваат сите заинтересирани компании. Договорот за набавка со цвеќиња е јавен и на порталот „Е-набавки“, каде се прецизирани сите детали, вклучително и вредноста на договорот…“, велат од Влада.

Но, во документот објавен на порталот „Е-набавки“ стои договорот со фирмата што го добила тендерот, вредноста на договорот, како и видовите цвеќиња и украси што планирала да ги добие владината служба. Но, активностите не се наведени, ниту нивните датуми кога ќе треба да се користат. Истата набавка на цвеќе, венци и слични украси, предвидувајќи ист износ на трошоци, Владата ја направи и во изминатите две години. Според документите на порталот за јавни набавки, во 2022 година Владата потрошила 2.937.043 денари или над 47.700 евра, а во 2021 година 2.945.150 денари или околу 47.800 евра.
Во периодот кога земјата се соочува со економска криза и висока инфлација, Владата имаше и други набавки кои се сметаат за луксузни. Последната која ја објави и АЛСАТ е набавката во вредност од над 144 илјади евра за сувомеснати производи, свежо пилешко месо, кафе и овошје, сите од прва класа.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Познат распоредот на младата репрезентација: Прво гостување во Полска, потоа на домашен терен со Италија

Македонската репрезентација до 21 година, вчера ги доби противниците...

Алкарас изведе тениско лудило кое ќе биде кандидат за поен на годината

Карлос Алкарас не пронајде вистински противник во Андреа Вавасори...

Кирјиос: Лудилото со допингувани тенисери мора веднаш да запре!

Австралискиот тенисер со грчко потекло, Ник Кирјиос, даде изјава...

Жизел Бундхен доби трето дете, прво со седум години помладиот џиу-џицу тренер

Бразилската манекенка Жизел Бундхен (44) го роди своето трето...