Пред летната сезона, тринаесет охридски плажи добија договори за концесија и ќе бидат уредени со урбана опрема, шанкови, лежалки, маси и столици, согласно програмата на Општина Охрид.

Новите концесионери по тригодишна пауза ги добија плажите, но ќе мора да ги уредуваат согласно препораките на УНЕСКО. Нема да има бетонски платформи и ќе мора да остават 50 отсто од просторот слободен за посетителите. Опремата може да биде само монтажна и тоа од природни материјали, дрво или имитација на дрво, кои ќе се вклопи во околината

Градоначалникот Кирил Пецаков објави дека нивната работа ќе биде следена од комуналните инспектори. Новите закупци на плажите во Охрид имаат тригодишни договори.