По спонтаниот абортус Џеси Џеј објави дека е повторно бремена

Date:

Британската пејачка, Џеси Џеј која пред пред повеќе од една година го загуби бебето во спонтан абортус, откри дека е повторно бремена. Џеси ја сподели среќната вест со своите следбеници на социјалните мрежи.

„Во истовреме сум и среќна и преплашена што го споделувам ова. Ве молам, бидете нежни кон мене“, напишала Џеси во описот на емотовното видео во кое го покажува позитивниот тест за бременост и трудничкото стомаче.

Пред тринаесет месеци пејачката на својот инстаграм-профил објави фотографија на која држи тест за бременост. Таа не откри колку време е бремена, но откри дека на третиот ултразвук дознала дека чукањето на срцето на бебето повеќе не се слуша.

„Вчера наутро се смеев со една пријателка, велејќи: „сериозно, како ќе издржам на мојот настап во Л.А утре вечер без да и кажам на публиката дека сум бремена? А веќе попладнето бев загрижена како ќе го изведам настапот без да се распаднам на сцена… по третиот ултразвук ми рекоа дека чукањето на срцето веќе не се слуша…“, напиша тогаш пејачката во емотивната објава.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...