По скандалот со монтираната фотографија: Кејт Мидлтон и Вилијам „уловени“ пред замокот Виндзор

Date:

Кејт Мидлтон денеска повторно беше забележана во јавноста во друштво на нејзиниот сопруг, принцот Вилијам, пред замокот во Виндзор.

Фотографите успеаја да направат нови фотографија од принцезата од Велс, чие закрепнување по операцијата на абдомен што ја направи на 16 јануари во Лондон, постојано е под огромно внимание на светската јавност. Но, на фотографиите може да се забележи како Кејт им го врти лицето на фотографите.

Инаку, принцот Вилијам се упати на прославата на Денот на Комонвелтот во Вестминстерската опатија во Лондон, на која не се очекува да присуствува Кејт, пишува „Дејли мејл“.

Нејзиното појавување доаѓа откако Кенсингтонската палата објави фотографија со Кејт и нејзините три деца за Денот на мајката. Бидејќи на сликата има голем број грешки, принцезата конечно се огласи и објасни дека како и многу фотографи аматери, таа повремено експериментира со уредување на фотографии. Зад објективот беше принцот Вилијам, но монтираната фотографија започна низа нови теории на заговор.

Експертите за односи со јавноста ги повикаа претставниците на Палатата да ја објават немонтираната фотографија и да се обидат да ја вратат довербата на јавноста. Палатата е обвинета дека ја криела вистината зад фотографијата, а фотографијата била и повлечена од агенцијата „Прес асосиејшн“ поради дигитална манипулација.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Над 270 милиони евра потрошени по кафеани и хотели во Македонија во првите девет месеци од 2024 година

Македонските граѓани лани се опуштиле по кафеани ресторани и...

„Земји туѓи болки наши“ – Нова емотивна песна од Класико Бенд

Класико Бенд, еден од водечките македонски музички состави, го...

Ѕвездата од „Беверли Хилс“ низ солзи му се заблагодари на поранешниот сопруг

Актерката Џени Гарт, ѕвездата на серијата „Беверли Хилс“, го...

О, Боже, зошто се согласив на ова? – Џуд Ло ќе го глуми Путин

Познатиот британски актер Џуд Ло потврди дека ќе го...