Кошаркарската федерација на Македонија ќе го следи примерот со училиштата во Општина Аеродром, па натпреварите од домашното првенство ќе почнуваат со интонирање на македонската химна, информира градоначалникот Тимчо Муцунски.
„Драго ми e што идејата за интонирање на химната во училиштата предизвика позитивен интерес и доби масовна поддршка од јавноста. Благодарам за поддршката во напорите да го поттикнеме и зајакнеме националното чувство кај младите аеродромци. Токму со интонирање на химната, денес започна и натпреварот помеѓу МЗТ Скопје Аеродром и кошаркарскиот клуб Гостивар. Според информациите кои јас ги имам, отсега сите натпревари во домашната лига ќе започнуваат со македонската химна. Ја поздравувам и поддржувам оваа одлична идеја на Кошаркарската федерација на Македонија“, сподели тој на социјалните мрежи.