Данил Медведев го победи Алекс Де Минор во два сета на завршниот Мастерс во Торино и ги задржува шансите за пласман во нокаут фазата.
По првиот меч во кој беше поразен од Тејлор Фриц и во кој предизвика неколку контроверзни ситуации, Русинот денеска се прикажа во многу посериозно издание и заслужено го совлада австралискиот ривал.
Медведев во првиот сет направи брејк во третиот и петтиот сет за убедливи 6:2, додека Де Минор парираше подобро во вториот сет, но дозволи брејк во деветтиот гејм за 6:4.
По осумдесет минути игра, Медведев го доби мечот од втората рунда, па во третото коло ќе решава за пласманот во дуел со Јаник Синер.
Италијанецот вечерва во Торино се среќава со Фриц, па евентуална победа на Американецот ќе значи и сигурен пласман во полуфиналето за петтиот носител на турнирот.