Музичарот Арон Картер (34) се удавил во својата када, откако вдишал дифлуороетан и земал алпразолам, според аутопсијата спроведена во Лос Анџелес. Дифлуороетанот е гас кој често се користи во лименки со компримиран воздух, додека алпразоламот е генеричката форма на брендот „Ксанакс“.

Во извештајот, кој го објави „Ти-ем-зи“ се наведува дека Картер бил „онесвестен додека бил во кадата“ бидејќи дрогата стапила на сила, со што паднал под водата и на крајот се удавил.

Картер беше пронајден мртов во својот дом во Ланкастер, Калифорнија на 5 ноември. Полициски извори изјавија за „Пипл“ во тоа време дека тој бил пронајден во неговата када од страна на куќен чувар, и дека во неговата спална соба имало апчиња на рецепт и реквизити за дрога.

Пејачот во минатото се соочуваше со правни проблеми и се бореше со зависноста, поради што бараше лекување. Тој беше запрен од полицијата поради сомневање за „возење под дејство“ помалку од една недела пред неговата смрт, но полицајците открија дека тој не бил под дејство откако извршиле теренски тест за трезвеност.