Еден несекојдневен настан се случил вчера во 17:00 на граничнот премин Долно Блаце“. При влез во Македонија бил уапсен К.С.(35) од Косово при приложување на косовска лична карта. При проверка на документите било констатирано дека лицето го бара Интерпол и против истото има мерка “апси“.
Со него бил извршен службен разговор во кој тој изјавил дека по грешка приложил туѓа лична карта, по што ја приложил неговата патна исправа, при што било утврдено дека станува збор за Г.М.(28) од Р.Косово.
Лицето било приведено и предадено на полициски службеници за понатамошна постапка се вели во соопштението на МВР.