По години номинации, Том Круз доби почесен Оскар и испрати силна порака

Date:

На холивудската легенда Том Круз вчера му беше доделен почесен Оскар на годишната награда „Гувернерс“ за животно дело и хуманитарна работа на Американската академија за филмски уметности и науки, а актерот по тој повод одржа емотивен говор за својата животна страст кон снимањето филмови.

Почесната награда му ја врачи Алехандро Гонсалес Ињариту, режисерот во чиј претстоен филм, кој ќе се појави во киносалите следната година, Круз глуми.

Четирипати номиниран за Оскар, Круз го опиша снимањето филмови како нешто што не е само работа, туку, како што рекол – „оној што сум јас“.

– Тоа ме води низ целиот свет и ми помага да ги ценам и почитувам разликите. Исто така, ми ја покажува и човечноста што ја споделуваме, ми укажува на тоа дека сме слични на толку многу начини. И без разлика од каде доаѓаме, во тој сегмент од индустријата заедно се смееме, заедно чувствуваме, заедно се надеваме и тоа е силата на оваа уметничка форма. И затоа е важно, затоа мене ми е важно. Значи, снимањето филмови не е само моја работа, туку тоа е она што сум јас – рече Круз.

Во историјата на филмот, многу добитници на разни филмски награди сè уште не ја освоиле престижната награда Оскар.

Круз беше номиниран за Оскар за најдобар актер двапати – за неговите улоги во „Роден на Четврти Јули“ и „Џери Мегваер“, еднаш за најдобар спореден актер во „Магнолија“ и еднаш како дел од филмската екипа за „Топ Ган: Маверик“.

Тој ѝ рече на публиката дека неговата љубов кон филмот започнала во раното детство.

– Бев мало момче кое седеше во темнината на киносалата и живо се сеќавам на зракот светлина што помина низ просторијата во моментот кога погледнав нагоре. Тогаш ми изгледаше како светлината да експлодираше на платното, а светот одеднаш стана многу поголем од оној што го знаев – раскажа Круз.

Откако номинацијата на Круз беше објавена во јуни, претседателката на Академијата, Џенет Јанг, ја пофали неговата „неверојатна посветеност на филмската заедница, филмското искуство и заедницата на каскадери“.

– Овогодишните награди „Гувернерс“ ќе ги добијат четири исклучителни личности чии извонредни кариери и посветеност на филмската заедница континуирано оставаат трајно влијание – рече Јанг.

Покрај Круз, наградени се кореографката Деби Ален и сценографот на филмот „Направи ја вистинската работа“ Вин Томас, а меѓу добитниците е и пејачката Доли Партон, која не можела да присуствува на церемонијата поради здравствени проблеми.

На пејачката и актерка ќе ѝ биде врачена и хуманитарната награда Џин Хершолт.

Јанг рекла дека кантри ѕвездата „го отелотворува духот“ на оваа награда „со својата непоколеблива посветеност на хуманитарната работа“.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Мбапе и Дембеле ја одведоа Франција во полуфиналето на СП

Франција продолжува да маршира кон светската титула. „Триколорите“ го...

Супер победа за Силекс – прва на гости во нивната историја!

Со гол од пенал на Есмир Хасукиќ во 42...

КРЦКАВО ПРЖЕН КАШКАВАЛ СО ЗЕЛЕНЧУК

Доколку сакате брз и вкусен оброк што сите ќе...

МОНОГРАФСКО ДЕЛО ЗА ГОЛЕМИОТ ЧУВАР НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД И ЕТНИЧКА МАКЕДОНИЈА (50)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Во...