По бројните реакции одборот сепак му ја одзеде акредитација на Мерко за Медицински факултет

Date:

Одборот за акредитација кој претходно со 12 гласа „за“ го одобри отворањето на факултетот за здравствени науки на Меѓународниот универзитет во Струга во сопственост на семејството на струшкиот градоначалник Рамиз Мерко, на денешната седница одлучи да му ја одземе акредитацијата за основање на таква образовна институција.

Со оваа одлука се поништуваат сите други правни дејствија во врска со почеток со работа на факултет за здравствени науки на приватната високо образовна установа, се наведува во соопштението до јавноста.

Владата на седница на 9 април даде согласност за основање на факултетот, која во службен весник е објавена на 15 април за време на предизборната кампања со потпис на техничкиот премиер Талат Џафери.

Мерко и неговото семејство веќе една година се на црната листа на САД. Меѓународниот универзитет во Струга е дел од Еуро колеџ кој е во сопственост на еден од синовите на Мерко.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Доларот зајакна, порасна цената на нафтата

Цената на барелот на лондонскиот пазар утринава се зголеми...

Пратениците гласаа за избегнување на предвремени локални избори во три општини

Пратениците во македонското Собрание со 69 гласа „за“ и...

Судија и обвинет 95 пати разговарале на телефон, се барало негово изземање, но тој донел пресуда

Судијата Лазар Нанев со обвинет во предмет остварил 95...