Поштенски пратки фрчат преку косовско-македонската граница без да се плати царина

Date:

Македонската и косовската пошта имаат договор за соработка и доставата е легална, но проблемот се јавува кај одредени оператори што ангажираат дури и приватни возила, кои не се обележани, а кои маневрираат на границата, притоа избегнувајќи ги контролите и царинските давачки, велат од Агенцијата за пошти

Дел од возилата што носат пратки од Косово се необележани, а македонско-косовската граница ја минуваат без проверки, но и без да платат царина. Проблемот е детектиран од Агенцијата за пошти, која во неколку наврати го предочила на македонската Царина и на МВР, вели за „Слободен печат“ Олга Манчевска, раководител во Агенцијата.

Сашо Димитриевски, претставник на Синдикатот на „Македонска пошта“, неодамна јавно порача дека има информации дека во нашата држава се дистрибуираат пратки од соседни земји, што е надвор од сите меѓународни прописи за поштенскиот сообраќај. Димитриевски ја повика Агенцијата за пошти да преземе одговорност кон други оператори, кои вршат неконкурентна и нелојална достава на пратки, што е спротивно на закон.

– Македонската и косовската пошта имаат договор за соработка и доставата е легална, но проблемот се јавува кај одредени оператори, кои ангажираат дури и приватни возила, кои не се обележани, а кои маневрираат на границата, притоа избегнувајќи ги контролите и царинските давачки. За ова сме реагирале неколкупати – објасни Манчевска.

Таа посочува дека без помош на државата и натаму ќе се влошува состојбата во АД „Македонска пошта“, бидејќи нејзините расходи во последните 4 години се зголемени за 12 отсто.

– Се покажа дека непринципиелното одржување на резервираната услуга не вроди со плод, ниту ефект имаше зголемувањето на цените на поштенските услуги во два наврата, бидејќи ланската загуба на Пошта е 2 милиони евра.

Ова не е случај само кај нас, бидејќи само пет од сите други европски пошти се во загуба, која им ја компензираат нивните држави од буџетите.

Досега таква можност немаше во нашата земја, но во последниот предлог-текст на Законот за поштенски услуги е вграден механизам за надоместок на нето-трошокот за универзалната услуга, преку државна помош од Буџетот.

Очекуваме од новите пратеници да имаат слух и што поскоро да го донесат овој закон, а од друга страна час поскоро треба да се направат реформи во АД Пошта – додаде Манчевска.

Претставничката на Агенцијата за пошти укажа и на уште еден сегмент на работењето, овој пат на операторите на слободниот пазар, а тоа се големите суми кеш пари, со што се храни сивата економија во земјава.

– Кај сите лиценцирани компании што до дома ги носат порачаните пратки, најприсутни се кеш откупите или, народски кажано, граѓаните најчесто плаќаат со готовина.

Постојано укажуваме дека циркулирањето на кешот низ поштенските мрежи и натаму создава проблеми и предизвици, а сè почести се кражбите на парите што ги носат операторите.

Ова е македонски куриозитет, па затоа сите играчи на поштенскиот пазар, вклучително и е-трговците, мора силно да се потрудат за да ги искоренат – истакна Манчевска.

Уште еден оператор носи пратки од „Алиекспрес“

Од средината на март годинава, македонските корисници што нарачуваат од „Алиекспрес“ имаат уште една опција за достава на Р мали пакети од Е-формат.

Домашната Виа пост Скопје, стана втор крак на мрежата на Маѓарпост, која обезбедува меѓународни поштенски услуги. Од тогаш за 2 месеца се доставени повеќе од 25.000 мали пакети, главно со вредност до 22 евра.

Сепак, најголем обем од услугите за малите пакети и натаму ќе се остварува низ мрежата на АД Пошта, меѓу другото и поради несомнените поповолните капацитети за царинските формалности при увоз.

Пакетите се губат и се оштетуваат, а понекогаш не се целосни!

Граѓаните рекламираат дека пратките што ги добиваат се со оштетена амбалажа, понекогаш не се целосни, а и често се губат.

Според евиденцијата на Агенцијата за пошти, за 49,5 отсто се зголемени рекламациите од клиентите, а дури 64,4 отсто реагирале дека не е почитуван рокот за испорака, како и дека амбалажата им била оштетена.

Лани преку приватните оператори биле испорачани 7 милиони пакети, додека преку АД Пошта – 158 илјади.

– Силната конкуренција во услугите за пакети во континуитет го освојува просторот, а најдоминантни се три компании. Убедливо најдоходовен од нив е „ДХЛ Експрес Македонија“ – објаснија од Агенцијата за пошти.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Нетанјаху: Ќе ја окупираме територијата на Појасот Газа доколку Хамас не ги ослободи заложниците

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху денеска ја повтори својата закана...

Плакета за храброст за Јован кој спаси 21 дете од пожарот во Кочани

Јован Костадинов 19-годишното момче од Виница беше дочекан со...

Лудо екстра-време: Македонија во 96. минута испушти победа со Велс!

Фудбалската репрезентација на Македонија одигра еден тежок меч против...

Луд меч во Истанбул: Хејс-Дејвис со тројка со звукот на сирената ги расплака Шортс и Париз

Париз на македонскиот репрезентативец Ти-Џеј Шортс доживеа болен пораз...