Почнува снимањето на филмот за Мадона: Познато е кој ќе ја глуми легендарната пејачка

Date:

По долгото одложување, снимањето на филмот за поп-ѕвездата Мадона треба да започне следната година.

Како режисер и косценарист, пејачката со години работеше на филмот, кој првпат беше најавен во 2020 година, но поради турнејата таа го одложи снимањето. Сега британските медиуми пишуваат дека ѕвездата избрала и актерка која ќе ја портретира.

Во улога на позанатата пејачка ќе биде Џулија Гарнер, актерката најпозната по улогата на Рут Лангмор во криминалната драмска серија „Озарк“. Наградуваната актерка првпат беше вклучена во проектот во 2022 година, откако беше подложена на исцрпувачка 11-часовна аудиција. Меѓу актерките кои беа кандидати за улогата се Сидни Свини, Флоренс Пју и Ема Леард.

Мадона минатиот месец ја заврши турнејата во Бразил и сега конеќно ќе се фокусира на снимање биографски филм.

„Џулија е сè уште нејзиниот избор за главната актерка и тие останаа во контакт во текот на минатата година. Разговараа за идеи”, изјавил извор за „Сан“.

„Имаме многу работа за да го избереме остатокот од актерската екипа, да го организираме снимањето и да го финализираме сценариото, но се надеваме дека ќе започнеме со снимање во следните 12 месеци“, заклучува изворот.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Поранешната сопруга на Арнолд Шварценегер ги објави своите мемоари: „Разводот беше брутален“

Марија Шрајвер и Арнолд Шварценегер беа во брак 25 години, а потоа...

Бен Афлек прв пат јавно зборуваше за разводот со Џенифер Лопез

Во големото интервју за магазинот „Џи-кју“, Бен Афлек отворено зборуваше за...

Се појавија првите фотографии од Џуд Ло како Путин во „Волшебникот од Кремљ“

Џуд Ло неодамна потврди дека ќе го глуми рускиот...

Ѕвездата на „Озборувачка“ стана татко! Ед Вествик го откри името и полот на бебето

Актерот Ед Вествик (37), најпознат по улогата на Чак Бас во...