Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина на 95-годишна возраст.
Погребот на поранешниот папа Бенедикт ќе се одржи на плоштадот Свети Петар на 5 јануари, а со него ќе претседава папата Франциско, изјави Матео Бруни портпаролот на Ватикан.
Телото на поранешниот папа ќе биде изложено од понеделник во базиликата Свети Петар, објави Ројтерс.
Светските лидери изразија жалење за смртта на Бенедикт Шеснаесетти. Францускиот претседател Емануел Макрон на Твитер ја поздрави работата на покојниот католички водач за создавање „братски свет“.
Тој го правеше тоа со „душа и интелигенција“, додаде Макрон.
Бенедикт Шеснаесетти беше „џин на верата и разумот“, изјави италијанската премиерка Џорџа Мелони.
Таа посочи дека поранешниот папа зборувал со „срцата и умовите“ на луѓето и дека ќе продолжи да го прави тоа.
Британскиот премиер Риши Сунак изјави дека е тажен поради смртта на Бенедикт Шеснаесетти, кого го опиша како „голем теолог“.
Сунак додаде дека папската посета на Бенедикт на Велика Британија во 2010 година претставува историски момент и за католиците и за некатолиците ширум Британија.
Германскиот канцелар Олаф Шолц го опиша поранешниот папа како „впечатлива личност“.
Шолц на Твитер напиша дека поранешниот папа „за многумина бил посебен црковен водач, не само во оваа земја“.