Потенцијален проблем за Сан Антонио – се повреди Вемби

Date:

Тимот на Сан Антонио стигна до својата 60-та победа во регуларниот дел од сезоната во НБА, откако на домашен терен славеше против Филаделфија со 115-102. Сепак, триумфот остана во сенка на повредата на Виктор Вембанјама.

Сè уште нема официјални информации колку долго ќе паузира младиот Французин, кој се повреди уште во првото полувреме. Од клубот преку социјалните мрежи информираа дека 22-годишниот центар нема да се врати на паркетот до крајот на натпреварот. За нешто помалку од 16 минути игра, Вембанјама забележа 17 поени, пет скока и три блокади, потврдувајќи ја кандидатурата за најдобар дефанзивец во лигата.

Интересно е што Французинот, вклучително и овој натпревар, има одиграно 64 меча сезонава, што е само еден натпревар, односно околу 20 минути помалку од потребниот минимум за конкурирање за индивидуалните награди на крајот од регуларниот дел, меѓу кои и признанието за најкорисен играч.

Во негово отсуство, кај Спарси се истакна Стефон Касл со 19 поени, на кои додаде и 10 скока и 13 асистенции за трипл-дабл учинок. На спротивната страна, најрасположен беше Џоел Ембид со 34 поени и 12 скока.

На врвот на Западната конференција, а воедно и во целата лига, останува Оклахома Сити Тандер со скор 62-16, додека Сан Антонио има одиграно натпревар повеќе и две победи помалку.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Силекс запиша планирани три бода, Шкендија Арачиново оствари историска победа во Кавадарци

Фудбалерите на Силекс стигнаа до втора победа во третото...

Феран Торес ја напушти Барса и потпиша за ПСЖ

Пари Сен Жермен објави дека ги обезбеди услугите на...

Тенкови поминаа низ Варшава, авиони летаа над градот, Полска го покажа новото оружје

Во услови на тековната руска инвазија на соседна Украина,...