Потег за пофалба: Насликан мурал со Ѓорѓи Колозов во едно скопско кафуле

Date:

Актерот Ѓорѓи Колозов остави вечна и неизбришлива трага во македонската кинематографија, а неговиот телевизиски проект „Македонски народни приказни“ беше серијал со кој пораснаа многу генерации. Тој беше моќен цар, мудар селанец, алчен чорбаџија и ред други ликови, со кои неретко нè смееше и растажуваше, но и нè учеше на бројни мудрости.

Иако поминаа 21 година од неговата смрт, Колозов и ден-денес е сакан и почитуван од македонската јавност. Сепак, неговата ќерка Катерина Колозова вели дека е разочарувачки што државата досега не му посветила некакво споменик на видно место.

Но, неодамна се појави мурал на оградата на едно скопско кафуле, гест кој многумина го поздравија со позитивни коментари.

„Ако државата не му изгради споменик, народот му гради паметници. Овде се, секако, исклучок муралот поддржан од Министерство за култура и гестот на Град Скопје под раководство на Шилегов да крсти улица со неговото име – за тоа сме многу благодарни. Инаку ова е некое кафуле во близина на Соборна црква…“, напиша ќерката на Колозов на својот фејсбук-профил.

По дипломирањето, Колозов бил во постојан работен однос во Македонскиот народен театар. Неговата популарност беше резултат на неговото долгогодишно искуство и мошне популарната македонска телевизикса серија „Македонски народни приказни“ засновани на збирките народни приказни издадени во 19 век од собирачите на македонски народни умотворби како Марко Цепенков, Кузман Шапкарев, Ѓорѓија Пулевски и други.

Овие приказни имаат непроценливо значење за македонската фолклористика, за етнографијата, лингвистиката, националната историја и за правото и моралот на Македонците. При Драмата на Македонскиот народен театар тој оствари позначајни улоги во претставите: „Од многу ум“, „Андрокле и лавот“, „Госпоѓа министерка“, „Чорбаџи Теодос“, „Женидба“, „Воена тајна“, „Мрестење на краповите“, „Слободни врски“, „Валпургиска ноќ“, „Рекламна бајка“ и други.

Колозов настапи и во повеќе играни филмови, меѓу кои: „Македонскиот дел од пеколот“, „Тетовирање“ и други.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Победа за ракометарите на „генералката“ пред СП против Зеленортски Острови

Ракометната репрезентација на Македонија се радуваше на минимална победа...

Барселона го надигра Реал и го грабна трофејот во Супер Купот на Шпанија

Екипата на Барселона е освојувач на трофејот во Супер...

Зверев рутински до второ коло, Либанецот Хабиб испиша историја во Мелбурн

Германскиот тенисер Александар Зверев се пласираше во второто коло...

Ријана фрла со стрели: Пејачката заводливо позираше во градник и танга од црвена тантела

Популарната пејачка Ријана со стил ја започна 2025 година. Иако многумина...