Потаж од грашок

Date:

Грашокот е популарен зеленчук, кој содржи висок процент на влакна и антиоксиданти. Поради своите хранливи состојки, е зеленчук со импресивен нутритивен профил. Содржи малку калории – 82 калории на 100 грама. Околу 70% од тие калории потекнуваат од јаглехидратите, а остатокот од протеини и мали количини на масти.

Потребно:

  • 500гр грашок
  • Три компира (средна големина)
  • Главица кромид
  • Едно чешне лук
  • 150мл млеко + лажица брашно (за замена може да се користи и павлака за готвење)
  • Зачини по желба

Подготовка: Во поголемо тенџере ставете го грашокот, компирот, лукот и кромидот да се варат. Кога ќе зовријат, варете уште 15 минути на средна температура, Кога зеленчукот ќе омекне, истурете ја водата, но не ја фрлајте. Со миксер стап или во блендер се добро измиксирајте. Додавајте постепено од водата додека не ја добиете саканата густина. Вообичаено не треба да се достави цела вода, но некои сакаат потажот да има густина на чорба. Изборот е ваш. На крајот ставете ја неутралната павлака, или измешаното брашно со вода. Оставете потажот да проврие, па додадете ги зачините. Гответе уште кусо време додека зачините да се соединат, а потажот да добие на густина. Послужете со малку павлака и неколку кришки истостиран леб.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...