Потребни состојки:
- 250g брашно
- 50g гриз
- 14g прашок за печиво
- 130g шеќер
- 300ml вода
- 9g ванилин шеќер
- 1 лажичка оцет
За прелив:
- 200ml вода
- 40g какао
- 130g шеќер
- Кокос
Начин на подготовка:
- Измешајте ги сите суви состојки за колачот во еден сад, па додавајте ја водата постепено и измешајте додека смесата не се соедини, па додадете го и оцетот и пак измешајте.
- Истурете ја смесата во длабок плех врз хартија за печење и печете во загреана рерна на 200 степени Целзиусови, околу 20 минути.
- Во мало тенџере измешајте ги сите состојки за преливот и ставете на оган за убаво да се стопи шеќерот и да се изедначи смесата, па оставете го да се излади.
- Исечете го колачот на парчиња, потопете го секое парче во чоколадниот прелив, а потоа посипете го со кокос и послужете.




