Потребни состојки:
- 500g бел грав
- 2 големи главици кромид
- 3 чешниња лук
- 2 моркова
- 1 везена пиперка
- 2-3 ловорови листа
- 1 лажичка мелена црвена пиперка
- Сол и бибер по вкус
- 1 лажица брашно (по желба за да згусне)
- Вода колку што е потребно
Начин на подготовка:
- Потопете го гравот во ладна вода и оставете го неколку часа да отстои па процедете го.
- Повторно прелијте го со свежа вода и ставете го да се вари 10-ина минути, па повторно процедете го.
- Прелијте го со нова вода третпат гравот, додадете ловоров лист и оставете го да се вари додека не омекне, барем 1 час, ако треба и подолго.
- Во друго тенџере ставете ги сечканите кромид и лук, рендан морков и ставете минимално вода за да се динстаат (додавајте вода по потреба додека да омекне зеленчукот).
- Додадете ги црвената пиперка и лажицата брашно, измешајте и додадете го гравот процеден, а постепено додавајте од водата во која се варел, зависно колку сакате да биде густ.
- На крај зачинете по вкус, измешајте убаво и послужете со леб.




