Потребни состојки:
- 3 јаболка, рендани
- ½ шолја шеќер
- 1 ќесичка ванилин шеќер
- 1 шолја сок од јаболка
- 1 лажичка цимет
- 1 шолја гриз
- 2 шолји брашно
- 2 шолји мелени ореви
- 1 кесичка прашок за печиво
- Мармалад по желба за премачкување и ореви за декорација
Начин на подготовка:
- Излупете ги јаболката и изрендајте ги.
- Додадете ги сите останати состојки и убаво измешајте.
- Истурете ја смесата во помал, но длабок плех или калап, на хартија за печење и печете во загреана рерна на 180 степени Целзиусови околу 50 минути (проверете со чепкалка дали е готов).
- Врелиот колач премачкајте го со мармалад по желба и посипете со мелени ореви.




