ПОСЛЕ 60 ГОДИНИ ЗГАСНА РАДИО ОХРИД

Date:

Според пишувањето на мојот драг колега и другар Веле Митаноски од Охрид, македонски новинар, политичар, публицист и пратеник, како и некогашен дописник на агенцијата Танјуг, а кој води потекло од Црвена Вода, во Дебарца, заедно со неговиот роднина, познатиот поет Ванчо Николески, беше изненадување неговиот текст под наслов:
Тажен ден за градот и медиумската заедница: Радио Охрид прекина да зрачи во етерот!


Тоа ме натера да го испратам текстот до порталот Мактел во Сиднеј, со цел да се запознае нашата читателска публика во македонското иселеништво во Австралија. Еве, што пишува Веле Митаноски;


„Локалните портали во Охрид, ја објавија информација дека прекинал да емитува програма, најстариот електронски меидум во Охрид, Радио Охрид. Треба да се додаде дека е тоа, најстариот медиум – воопшто, не само електронски.

….”Ваквиот исход доаѓа по неколку месечната агонија која настана од како радиото го купи фирмата МАЕМИ од Охрид, по што од страна на оваа фирма упорно со месеци одбиваа да го впишат својот удел како сопственост во Централен регистар, а радиото остана заглавено во правен вакум и без управител” – може да се прочита, мегу останатото.

Радио Охрид речиси 60 години беше медиум на градот Охрид, а од него излегоа плеада новинарски имиња кои ја пишуваа градската историја низ децениите.

Радио Охрид, во годините на приватизацијата, го купи компаниајта АМАК СП, од Охрид. Сеуште не знаеме како стариот, му го продал радиото на новиот газда, но, во секој случај, ова е уште еден “блескав” пример на македонската тажна, криминална приватизација.

Со гаснењето на Радио Охрид, после 6 децении, гасне, оди во неповрат и една историја. Каде се и што со материјалите, во пишувана форма и снимани на лента, над 6 децении!? Тоа е една хроника за Охрид, од бесценето вонвременско значение. Со децении излегуваше и весникот “Езерски Глас”, исто така, хроничар на времето. Дали материјалите, хрониките со историска вредност се предадени на Историскиот архив, или пак повеќе не постојат!?

Се се тоа прашања, од не мало значение.Сега е веќе доцна за дебата од типот – дали стариот, или, сега, новиот газда, по радиото се полакомил поради неговата функција – како медиум и ризница на историска хроника, или пак за самата зграда во која е сместено-на почетокот од старото охридско корзо, кај стариот чинар!?

Јас самиот, пак, сум еден од многутемина, кој има причини најповеќе да жали за ваквиот крај. Не случајно мојата реакција ја озаглавив како: Тажен ден за Охрид и неговата медиумска заедница. Во ова радио,како негов директор, оставив дел од младоста, 6 најпродуктивни години од работниот век, од почетокот на осумдесеттите години, на сега веќе минатиот век. Парaлелно, го уредував и “Езерски глас”, кој згасна по моето заминување.Тогаш Радио Охрид беше веднаш по Радио Скопје, за нешто и пред него. Имаше емисија од вести на 3 странски јазици во летната сезона, уредувана од еден журналистички колос каков што беше, сега покојниот, Слободан Чашуле. Единствена локална радио станица, со хумористично-сатирична емисија, насловена: “Што на ум – то на друм!”, за која се влечкав по судови со еден од социјалистичките моќници (подопашници на Лазар Колишевски), чиј син (каква иронија на судбината!!!???), е токму првиот постприватизациски газда на Радио Охрид!!!

За моја жал и за нечија “среќа” (ако е вопопшто среќа на други да им го правиш она што не сакаш да ти го прават тебе!?), токму јас сум тој што ја реновира сегашната зграда на радиото на градското корзо и го пресели од Пожарната во Охрид, каде делуваше во две отстапени канцеларии.

Избледената фотографија, во прилог на текстот, е од денот, свеченоста кога ја предававме во употреба (со мене се спикерите Елеонора Чекреџи и Цветко Божиноски)

Обновивме техника, воведовме програми, работевме во срцето на Охрид и што е многу важно направивме кадровска обнова. Од Скопје дојдоа Симон Илиески, Славко Николовски и Стојан Савески, подоцна во занаетот навлегоа Милчо Јованоски, Стефан Димоски и многу други, кои излегоа од една новинарска школа, од еден расадник на млади и надежни новинарски кадри. Со концептот на водењето на куќата и со настаните што се случуваа во Охрид, тоа беше возможно и само требаше да се искористи.На начин кој подоцна од Охрид направи град со најразвиена, (квантитативно и квалитативно) медиумска заедница-после Скопје“.

На крајот само ќе потврдам дека е навистина тажен денот за градот на културата и религијата – Охрид, како и за медиумската заедница, кога Радио Охрид прекина да зрачи во етерот.

Славе Катин

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Град во Македонија лежи на закопани бомби

Денеска познат по својата боемска атмосфера и неверојатна архитектура,...

НИКОЛОСКИ НАЈАВИ КРАЈ НА ДИВЕЕЊЕТО НА ЦЕНИТЕ НА СТАНОВИТЕ: „Ќе ставиме крај на уцените на градежниците“

Министерот за транспорт и врски Александар Николоски на вчерашното...

Скопје на шестото место во светот, загадени и другите градови

Со почетокот на грејната сезона, загадувањето на воздухот повторно...

Во Македонска Каменица фестивал посветен на првиот македонски печатар

Организациониот одбор на Меѓународниот фестивал „Јаков од Камена Река“...