Додека граѓаните ги користат летните одмори властите по втор пат ги пратија во собранието измените на Законот за ДДВ. Далеку од очите на јавноста се подготвува зголемување на цените на храната на илјадници производи. Власта реши да го зголеми данокот на додадена вредност и на тој начин да собере повеќе пари за трошење за своите цели. Граѓанските организации се лути и велат дека дополнително ќе се намали куповната моќ кај огромен број на домаќинства. Опозицијата обвинува дека на шверцерски начин власта се обидува да донесе закони кои ќе бидат на штета на граѓаните.
Измените на Законот за ДДВ пратениците на парламентарното мнозинство ги испратија на расправа во Комисијата за европски прашања бидејќи ќе се носат по брза постапка, односно со европско знаменце. Изгласана е потребата од носење на овие измени. Од понеделник се очекува пратениците да дискутираат по овие измени, а се очекува и да бидат поднесени амандмани од страна на опозицијата. Во текстот на измените стои дека дел од производите кои се со 5 отсто ДДВ ќе бидат со зголемен данок на додадена вредност од 10 отсто.
Опозицијата веќе најави дека нема да го поддржи овој нов закон со кој се зголемува трошокот на домаќинствата за набавка на храна. Во време на криза власта решава да воведе нови даноци и тоа да биде на грбот на граѓаните, а притоа да не се промени ништо, освен зголемениот трошок на домаќинствата, велат од ВМРО-ДПМНЕ.
„Ова секако ќе биде удар врз стандардот врз граѓаните. Покрај екстремно високата инфлација која што се случува изминатиов период дополнително зголемување на цените ќе биде директно на штета на стандардот на граѓаните. Оваа ненародна влада единствено нешто кое и преостанува е да собере што е моно повеќе пари во буџетот и потоа преку крадење и тендери во четири очи да дели провизи и да краде“, велат од ВМРО-ДПМНЕ,
Од граѓанските организации се децидни дека сиромаштијата е еден од најголемите проблеми во државата и тоа мора да се промени. Неколку годишната криза најмногу удри токму кај граѓаните со ниски примања. Тие одамна заборавиле што е луксуз, за нив луксуз е да имаат два или три оброка дневно, а не да се гоштеваат со морски риби или мувлосанои сирења, велат за Денар од Платформата за борба против сиромаштијата.
Поскапуваат повеќе од 4000 прехранбени производи
Date: