Посета на рускиот црковен великодостојник Антониј на МПЦ-ОА

Date:

Во услови кога тече процесот од страна на помесните православни цркви за верификација на автокефалниот статус на Македонската православна црква Охридска архиепископија што и го додели Српската православна црква, посетата на делегацијата од Руската православна црква предизвика големо внимание со оглед на латентното ривалство со Вселенската патријаршија околу тоа кој и каде да биде центарот на православието, но и за двата концепта на поимање на автокефален статус на една црква во делот, кој е најмногу меродавен да го доделува.

Точно поради ова има две опции: дали да се тргне по патот на блокот земји што ги предводи Руската православна црква или оној под влијание на вселенската патријаршија, кои ја прават оваа посета толку атрактивна и завиена во велот на мистичноста, иако ако се потсети на изјавата што ја изнесе во новогодишното интервју за телевизија 24, митрополитот Дебарско-Кичевски Тимотеј, место за паника не би требало да има.

Во официјалните изјави Митрополитот Антониј изјави дека се тука во име на патријархот Кирил за да му го честитаат именденот на поглаварот Стефан и да пренесат братски поздрави и честитки до него. Неговиот заменик со кого Антониј е во земјава Николај Балашов изјави декла му чест што утре заедно ќе сослужуваат со архиепископот Стефан во Лесновскиот манастир.

– Вие знаете дека РПЦ прва го призна автокефалниот статус у многу сме среќни за она што се случи минатата година овде. Ние сега сме во целосно единство и се чувствуваме како браќа во тоа заедништво.- рече Митрополит Антониј.

– Привилегија е за нас што можеме да сослужуваме со архиепископот Стефан утре во Лесновскиот манастир. – рече Николај Балашов.

Митрополитот дебарско кичевски Тимотеј истакна дека на оваа средба не било разговарано за улогата и поддршката што би можела да се добие од РПЦ за забрзување на процесот на признавање од останатите православни цркви.

Колку и да се релативизира, посетата на руската црковна делегација не е случајна, дотолку повеќе што се случува во време кога МПЦ-ОА го очекува томосот од Вселенската патријаршија за автокефалност.

Претходно дел од бугарските медиуми, повикувајќи се на црковни извори, објавија дека руските црковни великодостојници се тука за да ги убедуваат македонските владици да не преговараат со Вселенската патријаршија и да бидат на линија со РПЦ.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Македонија заврши шеста на Балканското младинско првенство

Машката репрезентација на Македонија до 19 години заврши како...

СИНЕР ГО ПОБЕДИ АЛКАРАЗ И ГО ОСВОИ ТРОФЕЈОТ НА ВИМБЛДОН

Јаник Синер претрпе тежок и болен пораз од Карлос...

Полицијата откри што точно се случувало со тројното убиство во Прилеп

Тројца загинати, меѓу кои и 13-годишно дете, е исходот...

На Божествена литургија во Охрид беше устоличен новиот митрополит на Дебарско-кичевската епархија

Архимандритот Георгиј од денеска и официјално стана нов митрополит...