Портокалопита

Date:

Потребни состојки:
За шербетот:

500g шеќер
500ml вода
300ml сок од портокал
За колачот:

1 пакување кори за пита
2 големи портокали
200g шеќер
1 кесичка ванилин шеќер
250ml масло
250ml млеко
1 лажичка прашок за пециво
1 лажичка сода бикарбона
3 јајца

Начин на подготовка:

Најпрво подгответе го шербетот. Во тенџере ставете ги водата, шеќерот и сокот од портокал, па варете ги на средна температура.
Кога ќе почне да врие, тргнете го на страна и оставете го целосно да се излади.
Вклучете ја рерната на 100°С на режим на вентилатор (ако имате).
Во плехот за печење наредете ги корите една до друга како хармоника и печете 1 час.
Додека се печат корите, портокалите измијте ги и изрендајте ја кората, па тргнете ја на страна, а портокалите ставете ги во тенџере со вода и варете ги 1 час.
Кога ќе ги извадите корите од рерната, почекајте малку да се изладат, а потоа издробете ги на ситни парченца, додека не станат речиси во вид на прав.
Наместете ја рерната на 160°С, исто така на режим на вентилатор.
Сварените портокали извадете ги од водата и исцедете ги, а остатокот ставете го во процесор за храна и изблендирајте го.
Спојте ги блендираните портокали со шеќерот, ванилиниот шеќер, трите јајца, млекото, маслото, додајте ги сокот и кората од портокал, прашокот за пециво и содата бикарбона сода.
Убаво изматете со миксер, а потоа во смесата постепено додавајте ги искршените кори.
Смесата истурете ја во плех премачкан со масло и малку брашно и печете 40-50 минути.
Извадете го колачот од рерна и прелијте го со шербетот кој е целосно изладен.
Оставете добро да се впие, најмалку 1 час (или поубаво, оставете го преку ноќ).
Послужете го со сладолед ванила.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

Директориумот ќе излезе во април 2026 за Велигден.

eBook

eBookspot_imgspot_img

Топ вести

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

ИЗБОР НА ЗНАЧАЈНИ ТРУДОВИ ОД РАЗЛИЧНИ ОБЛАСТИ НА МАКЕДОНСКИ ЈАЗИК (61)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „СЛАВЕ КАТИН - ЖИВОТ И ДЕЛА“ Публикацијата...

Пановски за “криењето” на резултатите за Гостивар: Во интерес на истрагата може да умре пациент

Микробиологот Никола Пановски преку објава на социјалните мрежи упати...

На едно семејство му требаат 68. 498 денари месечно за основните трошоци

Синдикалната минимална кошница во јули изнесува 68. 498 денари...