Немањето перспектива и пари се две главни причини поради кои младите луѓе и образуваниот кадар интензивно заминуваат од земјите од Западен Балкан. Ова беше истакнато на научната конференција насловена како „Враќањето на интелектуалниот аспект од дијаспората“ во организација на „Мрежата на жени во науката“. Претседателката на оваа мрежа, Дрита Мехмеди, рече дека оваа појава е сè почеста.

„Вообичаено од овој аспект се појавува перспективата. Многу малку граѓани наоѓаат перспектива во државата во која живеат, потоа начинот на кој преземаат иницијатива да студираат, магистрираат или докторираат во странство. Тоа им носи поинаква перспектива од земјата во која живеат. Учеле и потоа им станува потешко да се вратат и интелектуално да придонесат за својата земја. Тоа го потврдуваат и нашите трудови кои се претставени преку апстракти. Повеќето теми се третирани од гледна точка на докторите кои ја напуштаат државата, можеби тоа може да биде и финансискиот аспект бидејќи таму имаат повисоки плати, а овде немаат исти услови“, изјави Дрита Мехмеди, „Мрежа на жени во науката“.

Претставникот на Фондот за Западен Балкан рече дека оваа појава најмногу е нагласена во последната деценија.

„Со визната либерализација на Европа за земјите од Западен Балкан во последната деценија, младите, студентите и професионалците се соочени со предизвик да бараат понапредни квалификации“, нагласи Илир Умери „Western Balkans Fund“.

Инаку, според статистиката, Македонија до деведесеттите години претежно ја напуштале мажи, а сега тој тренд сè повеќе го следат жените.