Поранешниот сопруг на Емили Ратајковски обвинет за сексуално и недолично однесување со малолетнички

Date:

Поранешниот сопруг на манекенката Емили Ратајковски, Себастијан Беар-Меклард е обвинет за сексуално недолично однесување и несоодветно однесување со тинејџерки, пишува „Пејџ сикс“.

Млада жена, која сега има 24 години, тврди дека филмскиот продуцент ја искомуницирал на социјалниот медиум Инстаграм кога таа имала само 17 години. Потоа, наводно, тие се сретнале во Њујорк, а средбата резултирала со мала улога во неговиот филм „Good Time“.

Неидентификуваната жена вели дека кога пристигнала на снимањето, очекувала да снима со ѕвездата на филмот, Роберт Патинсон, но наместо тоа снимила гола сцена со „актер кој неодамна бил ослободен од затвор“.

Во изјава за „Варајети“, тогашната тинејџерка се чувствувала „целосно запрепастено и преплашено“, особено бидејќи актерот ја прашал дали може да имаат вистински секс додека снимаат, нешто што таа го одбила.

Набргу по инцидентот со снимањето, тинејџерката, наводно, почнала да има сексуални односи со Беар-Меклард и тие, наводно, продолжиле со консензуална врска.

Покрај овој случај, и друга неиуменувана жена тврди дека го запознала продуцентот кога имала 18 години и дека тој, наводно, почнал да ѝ се додворува на Инстаграм со „ветувања за кариера“.

„Јас и Себастијан почнавме да се бакнуваме. Нештата бргу се одвиваа, па, без да добие моја дозвола, тој имаше односи со мене без да користи кондом“, вели таа.

Оваа жена, исто така, наведе и друго вознемирувачко однесување – тој ја нарекувал „ретардирана“ и ја следел преку апликација на нејзиниот телефон.

Исто така, таа забележала дека тој се допишува и со 15-годишно девојче, нешто што продуцентот не го негирал.

Наводно, сè ова се случувало додека тој бил во брак со Емили Ратајковски.

Како потсетување, Емили Ратајковски и Себастијан Беар-Меклард во јули минатата година, а причина за нивната разделба, наводно, било неверството на Меклард.

Тие беа во брак од 2018 година, а во март 2021 го добија синот Силвестер.

„Тие се разделија неодамна. Тоа беше одлука на Ем. Ќе ѝ биде добро, таа е силна и е фокусирана на синот. Обожава да биде мајка“, изјави тогаш близок извор за „Пипл“.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Во торнада, пожари и песочни бури загинаа најмалку 40 луѓе ширум САД

Најмалку 40 луѓе загинаа откако торнада го погодија средниот...

Центрите за изгореници во неколку холандски градови се подготуваат да примат жртви од пожарот во Кочани

Центрите за третман на изгореници во холандските градови Гронинген,...

Ребека: Да се молиме за Панчо ДНК, на апарати е!

Македонската пејачка Ребека Јанковска Ристевски упати апел за...

Српскиот конзул во Македонија ќе ги покрие трошоците за семејствата чии членови се хоспитализирани во Србија

Почесниот конзул на Србија во Македонија, Владимир Стајиќ, соопшти...