Поранешниот советник за национална безбедност на американскиот претседател Доналд Трамп, Џон Болтон, за Скај њуз кажа дека „се докажа дека многу згрешија“ сите оние кои мислеа дека Русите ќе се предадат. Додаде дека сè помалите залихи од муниција на земјите членки на НАТО е „јасен одраз на недостигот од општа стратегија“.

„Попис на бескрајни оружени системи не е стратегија, но развивањето на вашите цели и начините на кои тие цели може да ги исполните е, а тоа вклучува проценка на вашите способности да ги исполните целите. Секој кој мислеше дека Русите ќе се откажат гадно згреши“, истакна Болтон.

„Само реагираме од ден во ден, а не размислуваме однапред“, додаде тој. Тврди дека западните земји „премалку потрошиле на националната безбедност од распадот на Советскиот Сојуз“.

„Сега се соочуваме со уште еден проблем, како што кажа генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг, нова руска офанзива“, заклучи Болтон.