Поранешниот пејач на „Sex Pistols“ во трка за претставување на Ирска на Евровизија

Date:

Некогашниот пејач на „Sex Pistols“, Џон Лидон, ќе се натпреварува за претставување на Ирска на Евросонг со својот бенд „Public Image Ltd“ на специјалното издание на емисијата „Ireland’s Late Late Show“.

 

„Public Image Ltd“, пост-панк бенд кој го основал Лидон по распадот на „Sex Pistols“, е најавен како еден од кандидатите за овогодишниот Евросонг кој ќе се одржи во Велика Британија.

Познатиот музичар се наоѓа помеѓу 6-те изведувачи кои се натпреваруваат за можност да настапат на Евровизија, а победникот ќе биде избран преку комбинација од национално жири, меѓународно жири и гласови од публиката.

Емотивната балада „Hawaii“ е опишана како љубовно писмо до Нора, сопругата на Лидон со која живее повеќе од 40 години, а која се бори со Алцхајмерова болест. Во песната тој се осврнува на нивните заеднички години, особено на еден од нивните најсреќни моменти на Хаваи.

„Посветена е на сите оние кои минуваат низ тешки моменти на животниот пат со личноста која најмногу ја сакаат. Тоа е исто така порака на надеж дека на крајот љубовта победува сè“, изјавил пејачот.

Ирска досега има победено 7 пати на Евровизија, а тоа е повеќе од било која друга земја, но не се квалификувала за големото финале од 2018 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Австралија добива НБА шампион и деветкратен Ол-стар како засилување?

НБА ѕвездата Кајри Ирвинг изрази големо задоволство во иднина...

Македонија со Шортс и Димитријевиќ против Естонија и Полска

Кошаркарската репрезентација на Македонија денеска го има првиот собир...

Смртни закани кон судијата кој го исклучи Белингем

Судијата Хозе Луис Мунуера Монтеро, кој му покажа црвен...

ВМРО-ДПМНЕ: Коцевски е сиамски близнак на Кацарска и Трпков

Македонија се гуши во „дивото месо” посеано од СДС...