Поранешниот го заборави преку ноќ, па го заведе најзгодното момче

Date:

На обожавателите на Кајли Џенер (26) не им се допаѓа нејзиниот нов имиџ, како што наведуваат, таа го сменила поради својот партнер Тимоти Шаламе со којшто ја поврзуваат веќе подолго време.

Сите коментираат дека таа изгледа многу постаро од него, па со нов стајлинг се обидела да се приспособи на неговиот изглед.

Кајли позирала за новата сезона на реалити шоуто „Кардашијанки“, но не во свое препознатливо издание туку во тесен фустан со качулка, а зад неа се песочната плажа и морето.

Многумина кои низ годините ја следат на социјалните мрежи се запрашале дали тоа има врска со нејзиното ново момче, ѕвездата на филмот „Dune“ којшто често носи облека со качулка.

„Кајли во својата ера на Dune…“, бил еден од коментарите на Инстаграм. Додека едни ѝ замеруваат што не е доследна на себе, други ја поддржуваат во тоа што го прави за своето момче. Сепак, трети сметаат дека тоа е случајност, пишува „The Sun“.

Да ве потсетиме, Кајли и претходно носела предизвикувачка облека, а нејзините фустани се вклопувале во стајлингот на целото семејство.

Истовремено, многумина стравуваат дека Тимоти ќе доживее иста судбина како и сите други мажи со кои била во врска Кајли.

Да ве потсетиме, за нив е поврзано „проклетството“ дека секој маж којшто има некаква врска со некој од членовите на Кардашијан, кариерата му пропаѓа. Со оглед на тоа што Шаламе пред неколку години беше номиниран за Оскар, многумина се плашат дека тоа нема да биде случај сега кога е во врска со Кајли.

LEAVE A REPLY

Please enter your comment!
Please enter your name here

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

КНИГА СО СЕНЗАЦИОНАЛНИ СВЕДОШТВА ЗА ТЕРОРОТ ВРЗ МАКЕДОНЦИТЕ ВО ЕГЕЈСКИОТ ДЕЛ НА МАКЕДОНИЈА

Неодамна во електронски формат е објавена книгата „МЕЃУ ПАРТИЗАНИТЕ...

АЛЕКСАНДАР ТРЕТИ МАКЕДОНСКИ ГО ПРЕСЕКУВА ГОРДИЕВИОТ ЈАЗОЛ (52)

ДЕЛ ОД РОМАНОТ „АЛЕКСАНДАР ВЕЛИКИ (МАКЕДОНСКИ)“ ОД УЛРИХ ВИЛКЕН...

Левица: Јавните претпријатија тонат во долгови – долгот надмина една милијарда евра

Со вкупен долг од над една милијарда евра, системот...