Поранешен австралиски војник обвинет за убиство на цивили во Авганистан

Date:

Австралиските власти соопштија дека уапсиле поранешен војник за наводни убиства на авганистански цивили. Поранешниот војник е обвинет за ваквите злосторства додека бил во Авганистан како дел од воена операција, во која учествувале и австралиски воени сили.

Австралиската федерална полиција очекува 41-годишниот маж да биде обвинет пред австралискиот суд за едно од точките за воени злосторства, кое ќе носи доживотна казна затвор. Ова е првпат активен или поранешен припадник на австралиските одбранбени сили да се соочи со такви обвиненија, пишува „Ројтерс“.

Четиригодишната истрага откри дека австралиските специјални сили наводно убиле 39 невооружени затвореници и цивили во Авганистан, а високи командоси наводно ги принудувале помладите војници да убиваат беспомошни затвореници за да ги подготват за борба.

По препораките на извештајот, случаите на 19 сегашни и поранешни припадници на австралиската војска се упатени на специјален истражител за да се утврди дали има доволно докази за кривично гонење. Повеќе од 39.000 австралиски војници служеа во Авганистан, а 41 загинаа.

Австралија беше дел од меѓународните сили предводени од НАТО кои ги обучуваа авганистанските безбедносни сили и се бореа против талибанците две децении, откако силите поддржани од Западот ги соборија исламистичките милитанти во 2001 година.

Сподели:

Потпишете се

spot_imgspot_img

Топ вести

Поврзани
Related

Оригинален рецепт за трилече

За потеклото на овој колач, чие име во превод...

Џесика Алба по разводот ужива во бикини

Холивудската убавица, актерката Џесика Алба неодамна стави точка на долгогодишниот...

Даниел Редклиф се појави со девојката

Даниел Редклиф ги почасти сите свои обожаватели со ретко...

Холивудскиот предатор повторно обвинет за сексуален напад

Во средата започнаа воведните изјави на повтореното судење на Харви...