[et_pb_section fb_built=”1″ theme_builder_area=”post_content” _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default”][et_pb_row _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content”][et_pb_column _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” type=”4_4″ theme_builder_area=”post_content”][et_pb_text _builder_version=”4.22.2″ _module_preset=”default” theme_builder_area=”post_content” hover_enabled=”0″ sticky_enabled=”0″]Шведската малопродажна компанија за облека „Х&М“ беше принудена да повлече реклама за училишна униформа со слоганот „Свртете ги погледите“ поради реакциите во Австралија, вклучително и тврдењата дека ги „сексуализира“ децата.
Модниот бренд се соочи со критики за својата модна реклама „Враќање во училиште“ („Back to School“), во која беа прикажани две девојчиња облечени во фустани и училишни ранци. Бесни активистки, меѓу кои и добро познатата феминистка Мелинда Танкард Реист, го нападнаа гигантот за облека.
„Која е вашата намера со оваа спонзорирана реклама? Малите девојчиња, генерално, не сакаат да добиваат такво внимание. Децата со кои работам во училиштата сакаат да учат и да се забавуваат“, напиша таа на Икс (поранешен Твитер).
Психологот д-р Пем Спур го изрази својот гнев во објава на социјалниот медиум Икс (поранешен Твитер), пишувајќи: „Вашата одвратна реклама испраќа порака до педофилите дека е во ред да копнеат по девојчиња. Бојкотирајте ја ‘Х&М’. Срамна експлоатација на девојчињата“.
„Сè отиде по ѓаволите. ‘Х&М’ ги сексуализира децата“, „Несоодветна реклама, дали размислуваат за тоа што објавуваат?“, „Целата поента на училишните униформи е да ги спречат децата да носат познати брендови за да ги засрамат другите посиромашни деца“, се само дел од коментарите на социјалните медиуми.
Рекламата на крајот беше повлечена, а од брендот се огласија на социјалните медиуми: „Оваа реклама сега е отстранета. Длабоко жалиме за навредата што ја предизвика и ќе размислиме како ќе ги презентираме кампањите понатаму“.
[/et_pb_text][/et_pb_column][/et_pb_row][/et_pb_section]